12 научно докажани причини: Зошто да јадете повеќе сланина?

Обожавате сланина, но ве загрижуваат сите теории за масти и дебелеење кои се поврзуваат со неа?

12-naucno-dokazani-pricini-zosto-da-jadete-poveke-slanina-01.jpg

Сега одиме контра. Ова се 12 причини зошто би требало да ја јадете во секоја прилика.

1. Сланината е единствената храна која истовремено е солена и слатка

Иако содржи два неспоиви и потполно различни вкусови - солено и слатко, кога се работи за сланината тие совршено се топат и ја прават примамливо вкусна.


2. Нема јаглехидрати

И покрај спротивното мислење, мастите не се тие кои дебелеат, туку јаглехидратите. Телото има многу поголема енергија ако се најадете со масти, отколку со јаглехидрати. Затоа, навалете на сланината.


3. Одличен лек против мамурлак

Ништо не е повкусно од сланина и шолја кафе во мамурното утро.

12-naucno-dokazani-pricini-zosto-da-jadete-poveke-slanina-03.jpg

4. Овозможува чувство на ситост

Содржи високо ниво на заситени масти, па многу подолго ќе останете сити отколку да консумирате јаглехидрати.


5. Крцкавото е највкусно

Пржената, крцкава сланина можеби со обликот ве потсетува на животните успеси и падови, но со вкусот ве потсетува дека ништо не е невозможно.


6. Најдобра причина да станете од кревет

После кафето, мирисот на пржена сланина е оној кој може буквално да ви ги отвори очите и размрда телото.

12-naucno-dokazani-pricini-zosto-da-jadete-poveke-slanina-02.jpg

7. Богата е со витамини

Сланината е полна со витамин Б кој е од витално значење на имунолошкиот систем и општото здравје. Плус, доволно ви е едно парче за да внесете 36% од дневните потреби цинк во телото. Што значи, заборавете на мултивитамините и испржете неколку парчиња сланина.


8. Никогаш не е лошо да ги замрсите рацете

Има ли потреба од објаснување? Посебно ако се работи за крцкави парчиња пропржени на тавче...


9. Едноставна е за подготовка

Идеална е за сите готвачи кои сакаат да го вклучат шпоретот на 10 минути и да создадат ремек дело.

12-naucno-dokazani-pricini-zosto-da-jadete-poveke-slanina-05.jpg

10. Може да ја јадете во било кој дел од денот

Може да ја додадете во утринскиот сендвич, хамбургерот за ручек или салатата за вечера. Сланината звучи вкусно во било кој дел од денот.


11. И кога е лошо подготвена - вкусна е

Изгледа дека вкусот не може да се уништи, без разлика дали е препечена или недопржена.


12. Богата е со протеини

Протеините се клучна компонента во здравата исхрана, а за среќа, сланината е преполна со нив. Благодарение на неколку парчиња сланина ќе си ја одржите енергијата на високо ниво, а косата, ноктите и кожата ќе ви изгледаат поубаво.

12-naucno-dokazani-pricini-zosto-da-jadete-poveke-slanina-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg