Супер брзи идеи: Како да ја декорирате храната за Велигден?
Велигден без сомневање е празникот кој ни ја буди креативноста. Шарените јајца со по некое жолто пиле и зајаче се одлична декорација која може да ја искористите на 100 начини.
Откако ги обоивте јајцата, го украсивте домот, време е да се замислите што ќе послужите на трпезата.
Дали кифличките сакате да изгледаат како и обично, дали колачите кои ги направивте може некако да се разубават, дали јајцата мора да бидат еднолични кога ќе се излупат...
Одговорот на сите овие прашања дефинитивно е едно големо не!
Не се задоволувајте со обичното, кога може да биде покреативно.
Зошто да не се издвоите како најдобри домаќини? Зошто да не вложите малку повеќе време и обичните рецепти кои ги користите да станат уште поубави и повкусни?
Не ви се потребни нови рецепти, туку само нови идеи како да ја декорирате тортата, погачата или салатата.
Во продолжение се само неколку кои со задоволство може да ги ископирате: