13 Нови начини и техники за креативно украсување на велигденските јајца (фото)
Боењето и украсувањето на велигденските јајца е вистинскиот момент за да ја стимулирате вашата креативност.
Нема потреба да ги повторувате истите постапки, бои и лепенки, ќе се изненадите од уникатноста која можете да ја постигнете во само неколку чекори.
Ако немате трпение или веќе ви досади стандардното боење на јајцата, овие неколку велигденски предлози ќе ве воодушеват.
Погодни се за секоја возраст, за сечиј вкус и не бараат многу одвоено време или посебни вештини.
Верувајте, нема да знаете која идеја попрво да ја пробате.
1. Делумно обоени јајца, за оние мрзливите
2. Јајца обложени со златна фолија (корисен трик за да ги прекриете бледите бои кои нема да ви излезат како што очекувавте)
3. Бели јајца валкани во шарени трошки за колачиња и торти
4. Јајца намачкани со течен лепак и обложени со вуница
5. Јајца обоени со свилен материјал (замотајте ги во парче свила, заврзете и варете ги неколку минути)
6. Излепени со тенки линии селотејп
Уште 7 идеи на следната страна...