Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца?

Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со децата да направите држач за велигденски јајца од глина - чини околу 100 денари, а ќе поминете забавно време заедно. 

ideja-od-kreativna-makedonka-kako-da-napravite-sami-drzhach-za-veligdenski-jajca-01.jpg

Точно, во продавниците има бесконечно многу држачи и корпи за велигденски јајца, но, има некоја посебна магија кога нешто ќе направите сами заедно со децата.

Креативната Елена е мајка од Македонија која живее во Амстердам и на Инстаграм постојано објавува едукативни содржини за родители и деца.

Последно, таа објави видео во кое покажува како можете сами да направите држач за велигденски јајца.

Се прави од глина, а чини не повеќе од 100 денари и 30 минути поминати во забава со децата.

Потребно ви е:

  • Глина / тесто за моделирање
  • Пластична кутија од јајца
  • Акрилна боја за премачкување откако глината ќе се исуши

Погледнете ја видео постапката:

 M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Автобус, авион: Луѓе си направиле прекрасни домови од превозни средства (фото) Ако сте вљубеници во авантура и необично искуство, тогаш дефинитивно ќе ви се до...
Нова техника за уникатни велигденски јајца – со чај од хибискус и алуминиумска фолија (видео) Со оваа техника велигденските јајца ќе ви изгледаат елегантно и уникатно, а се п...
Совршени велигденски јајца - лесна техника со прехранбена боја (видео) Иако е потребен околу еден час за да добиете совршени велигденски јајца со прехр...
Нова техника со кромид за велигденски јајца како уметничко дело (видео) Не станува збор за добропознатата техника со лушпи од кромид, туку модифицирана ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg