Совршени велигденски јајца - лесна техника со прехранбена боја (видео)
Иако е потребен околу еден час за да добиете совршени велигденски јајца со прехранбена боја, самата процедура трае едвај неколку минути.
Пред Велики четврток, денот кога многу домаќинки ги фарбаат велигденските јајца, решете какви јајца ќе сакате да направите годинава, за да ги имате дома сите потребни состојки пред да почнете со бојосување.
А доколку се решите за оваа лесна техника, верувајте, ќе имате преубави велигденски јајца.
Потребни состојки:
- Бели јајца
- Прехранбена боја (2-3 различни бои, по ваша желба)
- Ластичиња
- Мрежичка во која сте купиле спакуван зеленчук или овошје
- 9% алкохолен оцет
Начин на подготовка:
- Измијте ги јајцата и ставете ги да се сварат.
- Кога ќе бидат готови, едно по едно подгответе ги за фарбање.
- Неколку јајца завиткајте цврсто во мрежичката од зеленчукот и врзете ги со ластиче (како во видеото).
- Околу останатите редете ластичиња како што сакате - хоризонтално, вертикално, на косо, едно покрај друго, да се преклопуваат - по ваша желба.
- Во длабок сад ставете ја бојата за храна, па прелејте ја со жешка вода.
- Во секој сад додадете по 2 лажички алкохолен оцет (9%).
- Еден дел од јајцата ставете ги во садот со една боја, останатите ставете ги во садот со другата боја.
- Оставете ги да отстојат 45 минути, па извадете ги.
- Отстранете ги ластичињата, односно мрежичката.
- Премачкајте ги со малку масло за да добијат сјај.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобелo
-->
Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари)
Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Велигденски јајца во златна боја со кои ќе ги импресионирате децата, но и возрасните
Ако сакате да направите златни велигденски јајца со кои ќе ги воодушевите сите, ...

Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки
Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...

Нова техника за уникатни велигденски јајца – со чај од хибискус и алуминиумска фолија (видео)
Со оваа техника велигденските јајца ќе ви изгледаат елегантно и уникатно, а се п...

Нова техника со кромид за велигденски јајца како уметничко дело (видео)
Не станува збор за добропознатата техника со лушпи од кромид, туку модифицирана ...

Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ...
Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...