Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Велигденски јајца во златна боја со кои ќе ги импресионирате децата, но и возрасните

Ако сакате да направите златни велигденски јајца со кои ќе ги воодушевите сите, но најмногу децата, тогаш оваа лесна техника за бојосување е совршена за вас.

veligdenski-jajca-vo-zlatna-boja-so-koi-kje-gi-impresionirate-decata-no-i-vozrasnite-01.jpg

Велигденските јајца традиционално се во црвена боја.

Но, денес, скоро и да не постои човек што не сака барем малку да експериментира со боите и техниките за вапсување јајца за Велигден.

А, ако сте љубител на златната боја, тогаш ви го претставуваме најлесниот начин да за добиете совршени златни велигденски јајца.

Потребни ви се само неколку состојки - бели јајца, куркума, алкохолен оцет, златна прехранбена боја во прав (која може да ја најдете во големи маркети или продавници каде што се продаваат украси за торти и колачи) и белка од јајце.

veligdenski-jajca-vo-zlatna-boja-so-koi-kje-gi-impresionirate-decata-no-i-vozrasnite-02.jpg

Начинот на подготовка е многу лесен. Во водата во која ги варите јајцата ставете неколку лажички куркума и малку алкохолен оцет.

Откако јајцата ќе бидат сварени, тргнете ги на хартија за да се впие вишокот вода.

Белката од јајцето изматете ја со виљушка, па нанесете малку од смесата на дланката.

Врз неа истурете од златната прехранбена боја и извалкајте го јајцето.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg