Нова техника со кромид за велигденски јајца како уметничко дело (видео)
Не станува збор за добропознатата техника со лушпи од кромид, туку модифицирана верзија, со сечкани лушпи од кромид, бела хартија и трендот за 2025 - чај од хибискус. Вреди да се проба за јајца кои изгледаат како ремек-дело.
Техниката на бојадисување велигденски јајца со помош на лушпи од кромид не е нова, но ова е модифицирана верзија.
Наместо само да ги ставите лушпите во вода или во чорап, оваа техника бара да иситните лушпите и да додадете сечкана бела хартија.
Освен тоа, техниката вклучува и листови од чај од хибискус – новиот тренд во бојадисувањето јајца за 2025.
Зависно од тоа колку време ќе ви стојат јајцата во мешавината, но и состојките кои ги користите и начинот на кој ја правите техниката, крајниот резултат може да се разликува, но во тоа е убавината на овие мали уметнички дела.
Потребни состојки:
- Бели јајца
- Неколку главици кромид
- Еден лист хартија, исечен на ленти, а потоа на разни геометриски фигури
- 100g суви листови чај од хибискус
- Малку сол
- 2 лажици алкохолен оцет (по желба)
- Вода
- Газа
Постапка:
- Извадете ја лушпата од повеќе главици кромид и или изблендирајте ги или со ножици исечкајте ги на ситни парчиња.
- Додадете и сечкани парчиња бела хартија, сечена во разни агли за да добиете повеќе геометриски фигури.
- Потопете го секое јајце во вода и извалкајте го во мешавината од лушпи, така што ќе се залепат.
- Завиткајте го секое јајце во газа и заврзете го горе со ластиче.
- Во тенџере истурете листови од чај од хибискус за да го покриете дното, па наредете ги јајцата.
- Ставете една лажица сол, две лажици оцет и истурете вода колку да ги покриете убаво јајцата.
- Ставете ги на рингла на средна температура, а кога ќе почнат да вријат, намалете ги и оставете 10-тина минути така.
- Кога ќе се изладат, извадете ги од газа, исчистете ги остатоците и премачкајте ги со зејтин.
Неколку видеа за визуелно да ја доживеете постапката:
https://www.youtube.com/watch?v=JAFycJ8JEvc
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





