За креативни родители: Детски првоаприлски маски и костими кои лесно се прават дома
Медуза направена од проѕирен чадор и ленти во боја, облак со дожд направен од памук налепен на шешир, продавач/ка на сладоледи, крокодил направен од картон и кутија за јајца обоени во зелено... Ви предлагаме неколку идеи за маски за децата кои можете да ги направите дома.
Доколку немате купено маска, а немате идеја во што да го маскирате детето и не сакате да го оставите „на цедило“ за во градинка или училиште, имаме неколку предлози за вас.
Креативните родители може да го искористат викендот за да направат некои од овие маски и костими, кои се прават релативно лесно, но треба да имате желба за тоа.
Разгледајте ги маските во продолжение и зависно што најмногу ви се допаѓа или мислите дека можете да го изведете во домашни услови, направете кул маска.
10 идеи за детски маски кои се прават дома:
Медуза направена од проѕирен чадор за дожд и висечки ролни од хартија или друг материјал во боја
„Жена мачкарка“ маскирана со помош на бањарка и кадифени животни, виклери и очила
Вежбачка од 90-тите преправена со трака за глава, кики, хеланки и боди во контрастни бои, греачи на нозе и касетофон
Крокодил направен со помош на бејзбол капче, картон, картонско пакување од јајца, обоени со темперни бои и фломастер
Бабичка направена со помош на памукчиња во косата, очила, бисери, џемперчиња и други додатоци кои делуваат старовремски
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:




