Живот без глутен: Што смеете, а што не смеете да јадете?
Ако често ве мачи главоболка или болка во стомакот, поминувате низ чудни промени на расположението, можеби ви пречи глутенот во исхраната.
Тоа е супстанца која се наоѓа во житариците, особено пченицата. Тој припаѓа во групата најголеми виновници за алергија на храната.
Алергијата на глутен може да ве мачи со години, а да се сомневате на сосема други проблеми и болести.
Каде го има глутенот?
Глутенот е леплива супстанца која на тестото му дава еластичност, а се наоѓа во производите кои секојдневно ги консумирате.
Го има во пченицата, јачменот, `ржта, но и во производите кои настануваат од нив. Затоа треба да се внимава, бидејќи глутенот го има и во тестенините, пиците, грицките, супите, индустриската храна, па дури и во храната за бебиња.
Проблемот е во тоа што глутенот се крие и во адитивите, конзервансите и во различните стабилизатори на храна, каде обично не го барате.
Понекогаш се наоѓа и во процесираната храна, средствата за одржување на хигиената во устата, но и во лековите.
Што предизвикува?
Науката сè повеќе признава дека бројни болести можат да бидат поврзани со прехранбените фактори. Но, не се работи само за едни и единствени симптоми, туку кај секого различно се одразува.
И покрај различните болести со различни симптоми, глутенот во сите случаи може да биде главен предизвикувач или оној кој ја влошува состојбата.
Доколку имате некои од овие симптоми, а досега не сте ја откриле причината, можеби токму глутенот е виновникот:
Депресија, збунетост, слаба концентрација, артритис, главоболка, промена на расположението, подуеност и болка во стомакот, пролив, синдром на иритабилно црево, Кронова болест, егзема, хиперактивност, хроничен замор, епилептични напади, псоријаза.
Кај децата, глутенот може да предизвика тешко дишење и чести воспаленија на ушите.
Нетолеранција на глутен и целијакија
Доколку имате некои од наведените симптоми, не мора да поминувате низа прегледи со години, туку само пробајте извесен период да го исфрлите глутенот од исхраната. Доколку забележите подобрување, тогаш значи дека токму глутенот е она што ви пречи.
Најчесто тешко се утврдува кога е во рана фаза, доколку одите на испитување, но со промена на режимот на исхрана може да си го подобрите здравјето.
Безглутенската храна се смета и за поздрава, па им се препорачува и на оние кои немаат проблем со глутенската алергија.
Интолеранцијата на глутен во подоцнежна фаза преминува во цилијакија или глутенска ентеропатија.
Најчесто е хронична, гастроентеролошка, автоимуна болест која е карактеристична појава кај организмите кои не поднесуваат глутен.
Симптомите се долготрајни проливи или чести непријатни столици, болки во стомакот, губење килограми, губење апетит и слаба мускулна маса. Кај адолесцентите кои патат од целијаклија се забележува заостанат развој во пубертетот.
Кај бебињата може да се јави за неколку месеци по воведувањето на глутенската храна во исхраната. Најчесто тоа се случува поради тоа што родителите не се придржуваат до календарот на исхрана за бебиња. Нивните црева не се доволно развиени за варење на тие намирници, па така може да дојде до целијакија.
Единствен лек за цилијакијата е безглутенската храна.
Кои житарици може да ги јадете?
Ова е списокот житарици кои НЕ содржат глутен: амарант, леблебија, пченка, пченкарно брашно, просо, ориз, оризово брашно, кинеска шеќерна трска, соја (но, не и соја сосови), тапиока, киноа, скроб или брашно од компир.
Ова е список на намирници кои треба да ги избегнувате: јачмен, јачменов слад, булгар, кускус, пченица, бело брашно, дурум, овес, гриз, `рж.