8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми)

Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме според чинијата. Можеби количината на храна која ја собира во половина од чинијата ќе ви биде доволна, но, големата чинија секогаш ќе изгледа попразно и вие лесно може да се прејадете. Што значи, ако користите помали чинии, ќе јадете помалку.

8-mali-promeni-vo-kujnata-koi-kje-vi-pomognat-da-jadete-pomalku-i-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-01.jpg

Речиси сите го знаеме рецептот за слабеење: помалку јадење, повеќе движење, па повторување на истото. Но, не сите и не секогаш може да го практикуваат ова, бидејќи тука влијаат повеќе фактори, како што е начинот на живот, стресот, навиките, волјата...

Па, во потрага по различни начини за слабеење, може да направите некои мали промени кои, на долг рок, може да ви донесат големи поволности.

Бидејќи многу често луѓето не се свесни за повеќето свои одлуки, многу е лесно да бидат под влијание на работите околу нив, па затоа, одлучете се на некои од овие промени кои може да ве натераат да јадете помалку.

Почнете од вашата кујна и направете ги овие 8 промени:

Расчистете ја кујната

Ако кујната постојано ви е неуредна и неорганизирана, може повеќе да посегнувате по грицките и слатки работи, што не е случај ако истите ги гледате во средена кујна и сите на свое место. 

Избегнувајте оставање храна на шанкот или работната маса

Наместо на шанкот или на работната маса, трудете се чипсот и колачињата да ги оставате затворени во фиоки.

Едноставно, присуството на храна и нејзиното оставање на лесно достапно место, може да ве натера да посегнете по неа, па дури и да не ја посакувате.

Можеби кога ќе поминете прв или вторпат нема да посегнете, но третиот пат сигурно не ќе можете да одолеете...

8-mali-promeni-vo-kujnata-koi-kje-vi-pomognat-da-jadete-pomalku-i-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-03.jpg

Направете ја кујната помалку привлечно место за престој

Колку повеќе време сте во кујната, толку е поголема веројатноста да посегнете по некоја храна. Затоа, направете ја „помалку удобна“.

Направете какви било промени кои нема да ве натераат да престојувате во кујната тогаш кога немате потреба.

Ставете сад со овошје

Со тоа што ќе ставите сад со овошје на масата или шанкот, можеби на почетокот нема да забележите разлика, но, колку повеќе време ќе биде таму, поголема е веројатноста да посегнете по овошјето секогаш кога ќе бидете желни за некоја ужинка.

8-mali-promeni-vo-kujnata-koi-kje-vi-pomognat-da-jadete-pomalku-i-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-02.jpg

Остатоците од храна замотајте ги во алуминиумска фолија и ставете ги во фрижидер

Многупати, кога сакаме само нешто да „грицнеме по пат“, ќе бидеме мрзливи да ја одмотуваме храната која е замотана во алуминиумска фолија.

Затоа, скријте сè што ве дебелее, а здравата храна ставете ја во пластични кутии за да можете да ја видите и полесно да посегнете по неа.

Обезбедете си помали чинии и чаши

Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме според чинијата.

Можеби количината храна која ја собира во половина од чинијата ќе ви биде доволна, но, големата чинија секогаш ќе изгледа попразно и вие лесно може да се прејадете. 

Што значи, ако користите помали чинии, ќе јадете помалку.

8-mali-promeni-vo-kujnata-koi-kje-vi-pomognat-da-jadete-pomalku-i-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-04.jpg

Скријте ја нездравата храна во шкаф кој не е лесно достапен

Висококалоричните грицки скријте ги во незгодно поставен шкаф – оној што е многу ниско или многу високо, а спротивно на ова, во лесно достапните шкафчиња на ваша висина, ставете здрава храна по која ќе биде поголема веројатноста да посегнете секогаш кога ќе почувствувате глад.

Не го носете тенџерето со храна на масата

Наместо да го носите тенџерето со храна на масата, послужете уште додека сте крај шпоретот. Ако садот со храна ви е лесно достапен, откако ќе се најадете, вие можеби ќе ги видите членовите на семејството како уште јадат, па може да си дотурете уште, но не затоа што сте гладни.

Ако сте подалеку од јадењето, помала е веројатноста да се прејадете.

8-mali-promeni-vo-kujnata-koi-kje-vi-pomognat-da-jadete-pomalku-i-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-05.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg