Храна која нутриционистите никогаш не ја јадат
Многу прехранбени производи се полни со вештачки засладувачи, разни засилени вкусови и состојки со чија помош траат многу подолго, но и покрај ризикот кој го носат во себе, сепак секојдневно ги консумираме.
Ако ги прашате нутриционистите, ова е храната на која никако не смеете да помислите:
Овошен јогурт со ознака light
Повеќето производи со оваа ознака содржат голема количина вештачки засладувачи, ароми и најчесто имаат 2/3 повеќе белковини отколку обичниот јогурт. Поточно, тие неколку заштедени калории едноставно не се вредни во споредба со сè останато што ќе внесете.
Кашкавал во облик на лист за сендвич
За време на преработката се користат бројни адитиви, заради што нивниот вкус потсетува на гума. Затоа полномасните кашкавали и сирења се секогаш подобра опција.
Житарки збогатени со протеини
Овие житарки обично содржат високопреработена соја која не содржи никакви хранливи материи. Затоа ако сакате да јадете житарки со млеко или јогурт, одберете обични.
Млечни додатоци за кафе
Во овие производи има претерано многу нездрави материи и транс масти. Ако баш не можете да пиете црно кафе, додајте малку обично млеко.