Мали тајни за да станете голем мајстор во кујната

Дали сте и вие од оние кои се прашуваат како има некои луѓе на кои што и да почнат да готват, макар и за првпат, им успева? Секогаш има такви кои не ги користат рецептите доследно, вметнуваат нешто свое и повторно јадењето е вкусно.

mali-tajni-za-da-stanete-golem-majstor-vo-kujnata-01

Некогаш точно еден детаљ е клучен за целосно да се промени вкусот или мирисот. Токму тој детаљ може да биде и некоја состојка или начинот на кој истата се додава во рецептот.

Постојат мали кујнски тајни на големите мајстори кои доколку ги знаете може и вие да станете врвни готвачи или барем да си ја олесните работата.

- Белките одвојте ги од јајцата така што ќе ги скршите од работ на садот во кој треба да ги матите, а тие полека ќе истечат, додека жолчките ќе останат во лушпата.

- Ако ви пукне јајце пред да го ставите да се вари, на пукнатината ставете лимонов сок и ставете го во ладна вода, во која потоа ќе се вари јајцето.

- Кога ќе сакате да исчукате шницли, претходно намокрете го чеканот или толчникот.

- Доколку не сакате да ви се исуши печеното месо, ставете чинија над лонецот во кој се пече месото. Доколку месото го печете во рерна, во топлата рерна ставете лонец со топла вода која ќе испарува и ќе го омекне месото.

mali-tajni-za-da-stanete-golem-majstor-vo-kujnata-1.jpg

- Рибите полесно ќе ги исчистите ако ги намачкате со сол. Уште полесно ќе ги исчистите ако ги спуштите во зовриена вода. Така ќе проверите и дали е рибата свежа или расипана. Свежата потонува во водата, а расипаната стои на површина поради гасовите кои се испуштени.

- Рибата може да остане свежа ден-два ако ја извалкате во крупна сол и ако ја завиете во сува крпа, па ја ставите во фрижидер.

- Јадењата и сосовите од риба не би требало да ги подгревате.

- Доколку готвите несолено месо, во водата во која го варите додајте малку шеќер во прав со што ќе ја избегнете блуткавоста.

- Кромидот најлесно ќе го исчистите ако го потопите во топла вода. Сечете го на мокра даска, со влажен нож, така нема да ви се иритираат очите.

mali-tajni-za-da-stanete-golem-majstor-vo-kujnata-3.jpg

- Ако сте го пресолиле јадењето додајте сода бикарбона на врвот на ножот. Во пресолената чорба додајте 4 излупени и исечени компири.

- Кога замрзнувате јагоди, наредете ги во послужавник и оставете ги во фрижидер 3 часа, а дури потоа ставете ги во кеси. Само така нема да се залепат една за друга.

- Ако тестото кое го печете треба да се подигне на краевите тогаш со жолчка премачкајте ја средината и обратно. Ако треба да се крене средината, премачкајте ги само краевите.

- Ако тестото за палачинки ви се лепи за тавчето, додајте чаша пиво или шлаг од белки со лимонов сок. Така ќе бидат порастегливи и нема да се лепат.

- Доколку за некој рецепт ви е потребна кисела павлака, а ја немате во моментот, заменете ја со мешавина од пола лажица брашно и лажица лимонов сок.

mali-tajni-za-da-stanete-golem-majstor-vo-kujnata-2.jpg

- Кога правите болоњезе сос со мелено месо, додајте му неколку лажички лебни трошки и ќе биде погуст.

- Ако зелената салата е овената, ставете ја 15 минути во млака вода во која ќе додадете малку лимонов сок или оцет.

- Маслинките во својот сок ќе останат свежи ако во теглата додадете парче лимон и ја затворите.

- Компирот и јаболката никогаш не ги чувајте заедно, бидејќи јаболката го поттикнуваат зреењето на компирите, па побрзо се расипуваат.

- Ако сакате да проверите дали квасецот е свеж и добар за употреба, ставете го во чаша топла вода – ако исплива на површина, слободно користете го.

Имате ли вие некој кујнски трик?

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg