4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки
Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш нема да ви бидат полни со масло.
Дали сте и вие од оние кои многупати направиле домашни крофни, ама, колку и да го следите рецептот, на крајот тие се полни со масло? Па, освен што сте незадоволни од себе, и домашните ве критикуваат или со „пола уста“ велат дека се одлични.
За ова да не ви се повтори следниот пат кога ќе пржите крофни, искористете еден од овие совети на нашите баби, кои се пренесуваат со генерации, а поради кои крофните не само што нема да впиваат многу масло, туку ќе бидат меки како душа.
Прашок за печиво или сода бикарбона
Пред да ги пржите крофните, премачкајте ги со смеса направена од малку брашно, вода и прстофат сода бикарбона или прашок за печиво.
Оваа смеса ќе создаде заштитен слој и ќе помогне да се намали количината на масло што ја апсорбираат крофните.
Ракија
Кога го месите тестото, додајте во него малку ракија (1 голема лажица).
Ракијата убаво ќе ги сврзе состојките и нема да дозволи тестото да впива многу масло.
Добро исушете го тестото
Пред да ги пржите крофните, исушете ги убаво со хартиено шамивче или оставете ги да отстојат некое време на воздух (и да создадат малку кора на површината).
Ако тестото е влажно, тоа многу лесно впива масло - а при пржењето ќе впие многу повеќе од она што треба.
Вистинска температура
Пред да ги пржите крофните, важно е маслото да е соодветно загреано.
Тоа не смее да е премногу жешко, бидејќи само ќе ги зацрвени однадвор, а нема да бидат испржени внатре.
Ако е, пак, недоволно загреано, тестото ќе впива повеќе масло при пржењето.
Прочитајте и Рецепт за брзи мини крофни, што секогаш успева
А. Ј. | Црнобело / фото: depositphotos.com