Рецепт за брзи мини крофни, што секогаш успева
-->
Крофните се еден од омилените десерти за сите генерации. Со помош на овој рецепт, и најнеискусните и почетниците во кујна може да направат вкусни крофни за целото семејство.
Станува збор за мошне лесен рецепт, во кој само ќе треба да ги изматите сите состојки со миксер, да ги испржите и потоа да ги декорирате со додатоци по ваш вкус.
-->
Инаку, клучна состојка во овој рецепт е алкохолот, кој нема да дозволи крофните да впијат премногу мрснотија.
Рецепт за брзи мини крофни:
Потребни состојки:
- 400ml јогурт;
- 2 јајца;
- 1 лажица ракија;
- 360-380g брашно;
- 50g шеќер;
- 2 ќесички ванилин шеќер;
- 1 прашок за печиво;
- Масло за пржење;
- Шеќер во прав и течно чоколадо (за декорација).
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во длабок сад и се матат со миксер на средна брзина, додека да се добие еднаква смеса без грутки;
- На рингла, на средна температура се загрева маслото за пржење;
- Со мала лажичка се вадат мали крофни од смесата и се пржат од двете стани додека не поруменат;
- На крај крофните се декорираат со шеќер во прав и течно чоколадо.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...