Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите

Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе изобличена? А дека ловоровиот лист треба да го извадите од јадењето по 10-ина минути? Кои почетнички кулинарски грешки не треба да ги правите?

pochetnichki-kulinarski-greshki-shto-vi-gi-unishtuvaat-specijalitetite-01_copy.jpg

Денес информациите се лесно достапни и лесно можеме да најдеме рецепти на интернет за нашите омилени специјалитети, но постојат некои кулинарски грешки што несвесно ги правиме, а не треба.

Во продолжение кулинарски правила и грешки на кои треба да обрнете внимание пред да почнете да ги подготвувате специјалитетите:

Ги ладите јајцата пред да правите шлаг пена и не внимавате на жолчките

За да направите шлаг пена нема потреба да ги ладите јајцата (за разлика од готовата шлаг пена која мора да се олади).

Најважно е да внимавате во белките од кои се прави шлаг пена, да не падне жолчка, затоа што тогаш колку и да матите нема да добиете цврст шлаг.

pochetnichki-kulinarski-greshki-shto-vi-gi-unishtuvaat-specijalitetite-02.jpg

Ги лупите компирите и веднаш ги печете

За компирите да бидат покрцкави потребно е откако ќе ги испечете да ги оставите во вода потопени околу 30-тина минути, па потоа да ги пребришете со сува крпа или бришач.

Само така ќе добиете крцкави компирчиња од рерна.

pochetnichki-kulinarski-greshki-shto-vi-gi-unishtuvaat-specijalitetite-03.jpg

Ставате премногу масло при премачкување на калапот за тортата

Ако ставите премногу масло при премачкување на калапот за тортата, тоа нема да дозволи пандишпанот да се испече рамномерно.

Многу е веројатно страните од тортата да бидат изгорени, а средината да се издигне.

pochetnichki-kulinarski-greshki-shto-vi-gi-unishtuvaat-specijalitetite-04.jpg

Не ги сечкате лукчињата пред да ги ставите во храната

Лукчињата мора да се исечкаат за да се ослободи алицинот кој има антибактериски својства, но и за да се ослободат есенцијалните масла, кои ќе му дадат вкус на јадењето.

pochetnichki-kulinarski-greshki-shto-vi-gi-unishtuvaat-specijalitetite-05.jpg

Хараната ја чувате во отворени конзерви

Ако конзервираната храна ја отворите и не ја потрошите веднаш, најдобро е да ја префрлите во стаклен затворен сад, затоа што во отворената конзерва ќе оксидира и ќе ги промени мирисот и вкусот.

pochetnichki-kulinarski-greshki-shto-vi-gi-unishtuvaat-specijalitetite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg