Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите
Користите мелени и готови зачини
Готовите зачини содржат засилувачи на вкусот, вештачки бои и други додатоци. Затоа, најдобро е сами да си ги мешате сувите зачини, или да ги купите целосни, па сами да ги сомелете.
Ставате брашно во жежок сос
Директното ставање брашно во сос веднаш ќе се претвори во грутки.
Најдобро е брашното прво да се раствори во мал сад со малку вода, па потоа да се додаде во јадењето, или да се пропржи со малку масло.
Премногу го месите тестото за колачиња
Ако го местите премногу тестото за колачиња тоа ќе стане многу цврсто и тешко за обработка, а колачињата ќе бидат тврди.
Ловоровиот лист го оставате во јадењето
Ако стои премногу долго ловоровиот лист може да му даде горчлив вкус на јадењето.
Затоа најдобро е да го додадете при крај на готвењето на храната, да го оставите да отстои 10-ина минути и да го извадите од тенџерето.
Користите презреани овошја за слатко
Презереаното овошје ќе му даде непријатен мирис на слаткото, а и нема да му дозволи да се згусне. Затоа од презреано овошје не се прави слатко.
Б. С. Б. | Црнобело