Домашен специјалитет: Направете топено сирење и послужете со топол крцкав леб
-->
Ако сте од оние кои секогаш нарачуваат топено сирење во кафеана и макаат до последно залче, зошто да не пробате да си го направите дома овој специјалитет?
Топеното сирење може да кажеме дека е специјалитет на нашата македонска кујна, а може да се најде во менито на речиси секоја кафеана.
-->
Најмногу го нарачуваме како мезе и предјадење и не можеме да одолееме на макањето со топол леб додека не снема.
Ако и вие припаѓате во оваа група, време е да пробате да си го направите сами дома, а може да го збогатите рецептот со состојки по ваш вкус.
Потребни состојки:
- 600g фета сирење, разгмечено
- 100g тврдо сирење (овчо, мешано), рендано
- 100g кашкавал (гауда или ајдамер, по желба), рендано
- 2-3 лажици доматен сос
- Оригано
За бешамел:
- 60g путер
- 3 лажици брашно
- ½ l млеко
Начин на подготовка:
- Прво подгответе го бешамелот во тава. Растопете го путерот и додадете го брашното, па мешајте додека не добиете златеста боја но внимавајте да не ви загори. Веднаш потоа додадете го млекото и гответе и мешајте додека не добиете соединета, густа смеса.
- Во керамички сад за печење (со средна големина), ставете го разгмеченото фета сирење такашто ќе го покриете дното.
- Додадете малку доматен сос и оригано, па прелијте со половина од бешамел сосот.
- Врз сосот додадете го цело изрендано сирење и поголемиот дел од кашкавалот (од кашкавалот оставете малку на страна за последниот слој).
- Повторно прелијте со преостанатиот бешамел сос, а најгоре додадете го преостанатиот кашкавал и доматен сос.
- Печете на 200°С додека сирењата и кашкавалот не се стопат, а горниот слој не добие убава боја.
- Послужете со топол крцкав леб, фурнарини или чипс, по желба.
-->
-->
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com
-->
Би можело да ве интересира:
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?
Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот
Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...