Кремаст колач со прелив од чоколадо – хит десерт на ТикТок, се прави со 5 состојки (видео)

Се подготвува мошне лесно и брзо со само 5 состојки, па сосема е јасно зошто сите жени масовно споделуваат видеа од колачот познат како Сан Себастијан.

brziot-kolach-san-sebastijan-gi-osvoi-socijalnite-mrezhi-kako-se-podgotvuva-foto-video-01.jpg

Овој колач потекнува од шпанската баскиска кујна, а се верува дека името го добил по градот Сан Себастијан во Шпанија каде што настанал.

Некои го нарекуваат и „баскиска запечена торта“, а во основа е рецепт за брз чизкејк што масовно се споделува на социјалните мрежи.

brziot-kolach-san-sebastijan-gi-osvoi-socijalnite-mrezhi-kako-se-podgotvuva-foto-video-02.jpg

Колачот Сан Себастијан е колач со крем сирење или „чизкејк“ што најчесто се декорира со стопена чоколада, а некои сакаат да го декорираат и со шеќер во прав или сезонско слатко.

brziot-kolach-san-sebastijan-gi-osvoi-socijalnite-mrezhi-kako-se-podgotvuva-foto-video-03.jpg

Погледнете во продолжение како да го подготвите.

Потребни состојки:

  • 600g крем сирење;
  • 300ml слатка павлака;
  • 300g шеќер;
  • 4 јајца;
  • 1 голема лажица брашно.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 220 степени Целзиусови околу половина час;
  • Се зема калап за торта и се обложува со хартија за печење и се премачкува со путер. Потребно е хартијата на краевите да стрчи околу 5 центиметри над калапот;
  • Крем сирењето и шеќерот се ставаат во длабок сад и се матат со миксер додека не се добие кремаста смеса, или околу 2-3 минути;
  • Јајцата се додаваат едно по едно и се мати со миксерот, а потоа се додаваат слатката павлака и брашното додека не се добие изедначена смеса;
  • Смесата се става во подготвениот калап за торта и со лажица се израмнува врвот;
  • Тортата се става да се пече во рерна со вклучен вентилатор, додека не добие загорен изглед на врвот;
  • Тортата се остава да се лади околу 4 часа пред да се исече и да се сервира;
  • Доколку сакате можете да ја декорирате со стопена чоколада.

Видео упатство:

@dilara.selin Ramadan recept #12 #nederlands #nederland #ramadan #voorjou #fyp #fürdich #ramadanrecipes #recept #eten #koken #toetje #dessert #cake #cheesecake #kaas #cheese #turks #turkish #spaans #spanish #kesfet #sansebastian #ramadan2022 #turkishfood #food #tarif #bakken #sansebastiancheesecake ♬ Say So (Instrumental Version) [Originally Performed by Doja Cat] - Elliot Van Coup

 

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg