Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки

Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За овој ролат ќе ви требаат само 3 состојки, а по желба можете да додадете и ф'стаци или лешници.

recept-za-najbrziot-desert-od-samo-3-sostojki-01.jpg

Српската инфлуенсерка Јована Филиповиќ на својот Инстаграм профил објави кратко видео во кое го подготвува најбрзиот и најевтин десерт, што се подготвува од готови состојки.

Состојките во ова видео се основни, а вие по желба можете да додадете сечкани лешници, ореви или ф'стаци.

Потребни состојки:

  • 500g локум;
  • 200g потпечен сусам;
  • Шеќер во прав за посипување;
  • Масло за јадење за премачкување на рацете.

Начин на подготовка:

  • Сусамот се потпекува на сува тава, околу 5 минути и треба да биде топол кога го месите ролатот;
  • Во длабок сад се става локумот и рацете се премачкуваат со масло;
  • Локумот се меси како тесто и му се додава топол сусам, па дополнително се размесува;
  • Од готовото тесто се формира ролат и се посипува со шеќер во прав, па се витка во алуминиумска фолија;
  • Готовиот ролат се остава да се олади околу еден час во ладилник.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg