Традиционален италијански рецепт за совршено сочно јагнешко месо од рерна
За Велигден традиционално се подготвува јагнешко месо, а според Италијанците ако имате квалитетно месо, потребни ви се само неколку зачини за да добиете сочен оброк за празничната трпеза.
Печениот јагнешки бут, или на италијански познат како abbacchio, традиционално за велигденските празници се подготвува во Рим и во околината.
Рецептот е погоден за подготовка во рерна, а потребни ви се само неколку зачини за да добиете сочен оброк.
Начин на подготовка:
- 1 јагнешки бут со тежина од 1,5kg;
- 2-3 гранчиња рузмарин;
- 2-3 страка млад лук;
- 1 чаша бело вино;
- 1 ловоров лист;
- Сол и црн бибер (по вкус);
- Маслиново масло.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Месото се засекува на парчиња, се става во плех за печење и се додава ситно исечкан млад лук, рузмарин и ловоров лист;
- Месото се посолува и се зачинува со црн бибер, па се прелева со 5 лажици маслиново масло и чаша бело вино;
- Вака подготвеното месо се става да се пече во рерна на температура од 190 степени Целзиусови околу 50 минути;
- Месото се вади од рерната и со лажица се мешаат зачините околу него, па се прелева со течноста што е околу месото;
- Доколку сакате, во овој чекор можете да додадете и компир исечкан на коцкички;
- Месото се враќа во рерна и се пече на истата температура додека не добие златно кафеава боја.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за домашни гумени бонбони со овошен сок
Гумените бонбони се привлечни за децата, а покрај купените од продавни...

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости
Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Рецепт за јајца Бенедикт - омилениот бранч оброк
Јајца Бенедикт се едно од најпопуларните јадења за доцен појадок или за бранч (о...

4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден
Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
-->
-->