Рецепт за домашни гумени бонбони со овошен сок
Гумените бонбони се привлечни за децата, а покрај купените од продавница, можете и самите да направите дома.
Лесно можете да направите гумени бонбони дома - потребни ви се само неколку состојки.
Се прават во силиконски калап, па можете да експериментирате со разни форми.
Потребни состојки:
- 350g свежо овошје (доволно за да добиете околу 240ml сок)
- Малку вода
- Засладувач по желба (мед, шеќер …)
- 30g желатин
Начин на подготовка:
- Ставете го овошјето во блендер и додајте малку вода, па блендирајте додека не добиете изедначена смеса. Колку е потечно, толку подобро.
- Процедете ја смесата за да добиете околу 1 чаша сок. Ако сте користеле боровинки, капини и слично, можеби ќе треба да исцедите двапати.
- Така подготвениот овошен сок ставете го на средно-тивок оган. Загрејте го околу половина минута, а потоа додајте го засладувачот, па добро мешајте.
- Потоа, додајте го желатинот и постојано мешајте додека не се раствори.
- Тргнете го тенџерето од оган и префрлете ја смесата во силиконски калапи.
- Ставете ги во фрижидер и оставете да постојат околу 1 час.
- Може да ги чувате во фрижидер околу 4-5 дена.
М. Ѓ. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки
Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
-->
-->