Рецепт за меки зајчиња од тесто, полнети со крем - се топат во уста
Ако постојано собирате рецепти кои ќе ги израдуваат сите во домот, на вистинско место сте.
Со малку креативност, од обични состојки може да ги направите овие меки зајчиња полнети со крем.
Потребни состојки:
- 600g бело брашно
- 200ml јогурт или кисело млеко
- 200ml млеко
- 100ml масло
- 1 мала лажичка сол
- 1 мала лажичка шеќер
- 1 вреќичка прашок за печиво
- 1 вреќичка сув квасец
- Полнење по желба – крем, мармалад
- Жолчка и сусам за премачкување
Подготовка:
- Во млако млеко ставете го сувиот квасец со шеќерот, па помешајте со останатите состојки за тесто. Добро измесете го тестото.
- Не мора да го чекате да нарасне, па веднаш може да ги направите зајчињата.
- Направете три топчиња, едно поголемо, средно и мало. Најголемото ставете го прво, тоа ќе биде телото. Од топчето со средна големина направете ја главата, а најмалото топче пресечете го на половина и од него направете ги ушите.
- Наполнете ги топчињата по желба, со шприц, во случајов со крем.
- Ставете хартија за печење, премачкајте со жолчка и наросете сусам, наредете ги и печете 20 минути на 180 степени.
- На фотографиите, за очите на зајчињата се додадени парчиња чоколаден чипс.
-->
-->
-->
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...

Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан
Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...