Два предлог рецепти за мезе: Пица мафини и потпечени пица тортиљи
Пицата е омилено јадење за сите генерации, а во продолжение проследете два кратки рецепти за мини пици што се подготвуваат мошне лесно, а можете да ги подготвите и ако очекувате гости.
Мини-пиците се совршено решение ако сакате да подготвите брз оброк, за кој нема да ви бидат потребни некои особени вештини, а ќе им се допаднат на сите членови во семејството.
Овие рецепти може да ви се најдат ако очекувате гости, а сакате да ги изненадите со домашно подготвено мезе.
Во првиот рецепт можете сами да го подготвите тестото за пица од само две состојки или пак може да употребите и готово тесто за пица.
За вториот рецепт ќе ви бидат потребни тортиљи.
Мини пица мафини
Потребни состојки (за шест мини пици):
- 200g саморастечко бело брашно;
- 235ml јогурт;
- 300g рендана моцарела;
- 250ml доматен сос;
- 100g кулен;
- 3 тенки колбаси (исечкани на кругчиња);
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
- Од брашното и јогуртот се замесува тесто. Тестото се растегнува и од него со калап се вадат шест кругови.
- Круговите се ставаат во претходно подготвен плех за мафини;
- На секој од круговите се става по малку моцарела и по една лажица сос од домати.
- Се става по едно парче кулен и повторно изрендана моцарела.
- Врз моцарелата се ставаат по неколку парчиња исечкани тенки колбаси.
- Пица мафините се печат на температура од 180 степени Целзиусови околу 10-тина минути или додека не добијат златно кафеава боја.
Пица тортиља
- 7 тортиљи;
- 250g путер;
- 2 чешниња ситно исечкан лук;
- 300ml доматен сос;
- 300g моцарела (изрендана);
- 100g кулен (изрендан).
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови;
- Во сад се става путерот да се стопи и се додава ситно исечкан лук;
- Средишниот дел на секоја од тортиљите се премачкува со околу половина лажица путер;
- Врз делот премачкан со путер рамномерно се распоредува доматен сос, рендана моцарела и околу две кругчиња изрендан кулен;
- Тортиљата се мота како палачинка и се става на претходно обложен плех со хартија за печење;
- Постапката се повторува додека не се потрошат сите тортиљи и се ставаат да се печат околу 10-тина минути на 200 степени Целзиусови;
- Врз запечените тортиљи се става рендана моцарела и изрендан кулен и се враќа уште пет минути во рерна.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело