Тајната е во шербетот: Ролат баклава со ореви, цимет и сируп од мед
-->
Баклавата е традиционално јадење на нашите простори, но многумина ја избегнуваат заради големото количество шеќер. Погледнете како да подготвите здрава баклава, која ќе ја прелеете со сируп од мед.
Овие баклава ролнички внатре имаат цимет, мед и ореви, а речиси и да немаат воопшто шеќер. Се подготвуваат мошне лесно, а ќе можете во нив да уживате без грижа на совеста затоа што сте претерале со нездрави шеќери.
-->
Погледнете во продолжение како да ја подготвите оваа здрава баклава.
Потребни состојки:
- 250 g мелени ореви;
- 50 g шеќер;
- 2 чајни лажички цимет во прав;
- 12 листови готови кори;
- 120 g путер;
- 120 g мед;
- 120 ml вода;
- 1 супена лажица сок од лимон.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови. Во подлабок сад се мешаат оревите, шеќерот и циметот.
- Една готова кора се става врз лист хартија за печење и се премачкува со путер.
- Врз неа се става уште една кора и се премачкува со путер. Врз двете кори се става околу 30 грама од филот со ореви, шеќер и цимет.
- Со помош на хартијата за печење се витка долг ролат и се става на претходно премачкан плех за печење.
- Со нож, долгиот ролат се засекува на четири еднакви парчиња.
- Готовите ролати се ставаат да се печат на температура од 200 степени Целзиусови околу 14 до 16 минути, или додека да добијат светло кафеава боја.
- Кога се готови, се вадат од рерна и се остават да се оладат.
- Во тенџере се мешаат медот, водата и сокот од лимон и се ставаат на оган.
- Кога ќе почне да врие сирупот се остава да се вари уште пет минути, а потоа се трга од оган и се остава да се лади 10 минути.
- Баклава ролните се посипуваат со сирупот и се декорираат со остатокот од филот со ореви.
Деталното упатство за подготовка погледнете го во видеото:
https://www.facebook.com/tasteofhome/videos/777062436126763/
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради
Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...
Летно мезе по грчки рецепт: Фета сирење со прелив од мед и сусам
Замислете дека сте покрај море, во таверна, со салата, цацики и фамозното фета с...
Чоколадна баклава со крем од ф’стаци
Ако сте љубител на баклава, но и на ф’стаци, тогаш нема да можете да му одолеете...
Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет
Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, н...
Рецепт за баклава со бадеми и суво грозје (може да ја правите и во посна варијанта)
Погледнете еден поинаков рецепт за баклава кој може да го правите и во посните, ...
Брзи и вкусни колачиња кои мора да ги имате на празничната трпеза
Таканаречените путер колачиња се најлесни за подготовка, а можете да ги декорира...
-->