Рецепт за баклава со бадеми и суво грозје (може да ја правите и во посна варијанта)

Погледнете еден поинаков рецепт за баклава кој може да го правите и во посните, но и во деновите кога не е пост. Како и да се одлучите, дефинитивно ќе уживате во прекрасниот вкус кој ќе го дадат бадемите во комбинација со суво грозје.

recept-za-baklava-so-bademi-i-suvo-grozje-mozhe-da-ja-pravite-i-vo-posna-varijanta-01.jpg

Баклавата е вкусен десерт со шербет, најчесто правен со ореви, но сè повеќе се практикува и употреба на други јаткасти плодови, како ф’стаци, лешници, бадеми…

Баклавата не е тешка за подготовка, а бидејќи традиционално се спрема кај нас за бадниковата трпеза, во продолжение ви прикажуваме еден поинаков рецепт со бадеми и суво грозје, кој може да го правите во посна варијанта.

Потребни состојки:

  • 1 пакување тенки кори
  • 400g мелени бадеми
  • 100g суво грозје
  • 50g путер (или маргарин за посна варијанта)

Потребни состојки за шербет:

  • 300g шеќер
  • 500ml вода
  • Сок од 1 лимон

recept-za-baklava-so-bademi-i-suvo-grozje-mozhe-da-ja-pravite-i-vo-posna-varijanta-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Путерот (или маргаринот) се растопува на среден оган, а притоа се подготвува и плехот во кој ќе се пече баклавата. Бадемите се мелат.
  • Потоа, во намрсен плех се ставаат една по една, вкупно 8 кори. Секоја кора обилно се премачкува со путер (или маргарин). На осмата кора се ставаат мелени бадеми и суво грозје (околу третина).
  • На секои две кори се става малку бадеми и малку суво грозје. Кога ќе се потрошат бадемите и сувото грозје, ставете одозгора уште 6 кори, а секоја поединечно се премачкува со путер. Пред печењето, баклавата се сече на коцки или триаголници.
  • Шеќерот и водата се ставаат во тенџере на оган за да зовријат и така се вари околу 5 минути. Потоа, се трга настрана и се додава сокот од лимон, а по желба може да додадете и парчиња лимон.
  • Испечената и млака баклава, прелијте ја со врелиот шербет, па оставете ја да го впие.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg