Француски рецепт за ролнички со јаболка, ф’стак и цимет

Едноставен рецепт за превкусни француски ролнички со јаболка, цимет и ф’стаци, на кој нема да можете да му одолеете.

francuski-recept-za-rolnichki-so-jabolka-f-stak-i-cimet-01.jpg

Ролничките со цимет и јаболка се совршен десерт со преубав вкус...

За негова подготовка не ви се потребни многу состојки, само малку време да го подготвите, но напорот ќе вреди, бидејќи се топат во устата.

Потребни состојки:

  • 1 пакување кори за баклава
  • 3-4 јаболка (средна големина)
  • 6 јајца
  • 90g шеќер
  • 150g брашно
  • 60g стопен путер
  • 100g ф’стаци ситно сечкани
  • 300g млеко

За премачкување на корите:

  • Стопен путер
  • Цимет
  • Шеќер во прав

Начин на подготовка:

  • Стопете го путерот и со него премачкајте една кора. Посипете шеќер во прав преку цедалка за да го распоредите рамномерно на целата кора. Врз кората додајте и малку цимет.
  • Ставете втора кора, па и неа премачкајте ја со путер и наросете шеќер во прав и цимет.
  • Јаболката измијте ги и исечкајте ги на многу тенки резанки.
  • Наредете ги едно врз друго на долниот ден на кората, па свиткајте ја кората како хармоника (како во видеото). Потоа направете ролничка.
  • Сите ролнички ставете ги во тава за печење, која претходно сте ја намачкале со малку масло. Печете околу 20 минути на 190 степени.
  • Во друг сад ставете ги јајцата, шеќерот, брашното, путерот кој сте го стопиле и спојте ја смесата со рачна маталка.
  • Со смесата прелијте ги ролничките, па наросете ги со ситно исечканите ф’стаци.
  • Вратете ја тавата да во рерна уште 25 минути на 190 степени.
  • Кога ќе бидат испечени, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Ролнички од тиквички, полнети со пармезан и пилешки гради Ролничките од тивички можат да бидат и главно јадење, но и прилог за месо. Се по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg