Летно мезе по грчки рецепт: Фета сирење со прелив од мед и сусам
-->
Замислете дека сте покрај море, во таверна, со салата, цацики и фамозното фета сирење во сос од мед... Истото може да си го направите и дома многу лесно, само ќе недостасува морето...
Доколку сте љубител на микс од благи и солени вкусови, тогаш ова мезе е идеално за летните собиранки.
-->
Популарно е во грчките таверни, но наместо да чекате да го нарачате таму, можете и сами да си го подготвите.
Потребни состојки:
- 2 тенки кори
- Маслиново масло, за премачкување
- 180g парче фета сирење
- ½ лажица сушено чили, иситнето како снегулки (или може да искористите густа чили паста доколку имате)
- 1 јајце
- 1 лажичка афионско семе
- Малку бел или црн сусам по желба
- 3 лажички течен мед
- 1-2 лажици таан
- 1 лажичка сок од лимон
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 210 степени Целзиусови и ставете хартија за печење на плех.
- Ставете ги двете кори на работна површина. Премачкајте ја горната страна од едната кора со маслиново масло, па ставете ја втората врз неа.
- Фета парчето ставете го во средина во долниот дел на кората (но не најдолу) и одозгора ставете од чили снегулките.
- Долниот дел од кората превиткајте го врз парчето сирење, па свиткајте ги страничните делови врз сирењето и изролајте го до најгорниот дел од кората, цврсто држејќи да не се одвои (може да премачкате со масло или вода за да се залепат краевите).
- Во мал сад, изматете го јајцето со 1 лажица вода.
- Премачкајте ја кората во која е завиткано сирењето со мешавината од јајце и наросете малку афионско семе.
- Ставете да се пече на плех обложен со хартија за печење, 15-20 минути, или додека не добие златна боја.
- Во меѓувреме, во сад измешајте ги медот, таанот, сокот од лимон и 1 лажица вода, додека не добиете мазна смеса.
- Ставете го испеченото сирење во чинија и одозгора прелијте го со сосот од мед. Може да додадете и семиња по желба за сервирање.
Погледнете видео постапка (не е по истиот рецепт, но може да ви биде од корист за визуелен приказ):
@sheerluxe Bakes filo recipe 🤤 #cheeselover #cheesetok @Alexandra Dudley
♬ CUFF IT - Beyoncé
-->
-->
M. M. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости
Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Брзи и вкусни колачиња кои мора да ги имате на празничната трпеза
Таканаречените путер колачиња се најлесни за подготовка, а можете да ги декорира...
Омилениот сладолед на Дуа Липа е хит на ТикТок – ванила со маслиново масло и сол
Го пробавте ли новиот кулинарски тренд? Комбинацијата за сладолед по рецепт на Д...
Рецепт за крцкави пилешки прсти во рерна – вкусни, без тон зејтин
Како да подготвите крцкави пилешки прсти за мезе, со сусам, како што ги подготву...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...