Омилениот сладолед на Дуа Липа е хит на ТикТок – ванила со маслиново масло и сол

Го пробавте ли новиот кулинарски тренд? Комбинацијата за сладолед по рецепт на Дуа Липа стана хит на интернет.

sladoled-maslinovo-maslo-i-sol-kulinarski-trend-koj-stana-hit-na-internet-01.jpg

Најновиот кулинарски тренд на ТикТок се базира на сладолед од ванила во кој се додаваат две клучни состојки: маслиново масло и крупна морска сол.

Комбинацијата најпрво се најде на насловните страници на многу магазини, откако светски познатата пејачка Дуа Липа, во интервјуто за BBC Radio 1 минатиот ноември изјави дека тоа ѝ е омилена комбинација.

„Мислам дека чоколадниот сладолед не е толку добар. Но, знаете што ми се допаѓа? Многу е едноставно: земам сладолед од ванила и врз него ставам маслиново масло и морска сол.

Многу луѓе веќе ја пробаа оваа комбинација и навистина им се допадна“, изјави поп ѕвездата.

@naraazizasmith

elite combination!! #snacks #latenightsnack #treat #dessert #vanillaicecream #icecream #fypシ

♬ original sound - Nara Smith

Комбинацијата наиде на различни реакции кај публиката, но постои многу одамна, иако на Тик Ток е прилично нова.

Точното потекло на десертот не може да се најде, но се смета дека влече корени од богатата традиција на медитеранската кујна.

@anna.antonje

but I would definitely prefer chocolate sauce lol

♬ Originalton - anna

Во Италија, gelato con olio e sale (сладолед со маслиново масло и морска сол) е популарен десерт години наназад. 

На американската јавност ѝ бил претставен на почетокот на 2000-тите кога њујоршкиот бренд „Big Gay Ice Cream“ почнал со послужување сладолед од своите камиони.

Денес во неколку ресторани во Њујорк можете да уживате во сладолед со маслиново масло и морска сол. 

@thehealthyhaff

hear me out: vanilla ice cream, olive oil, and flaky salt - don’t knock it til you try it 🫒

♬ ylang ylang - ´

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg