Рецепт за мини бургер такоси – го имаат вкусот на McDonald’s
Доволно е да ја погледнете фотографијата и веќе знаете каков вкус има овој специјалитет, нели? Мини бургер такоси кои имаат вкус како чизбургерот од McDonald's.
Доколку го обожавате вкусот на чизбургер од McDonald's и други слични ланци за брза храна, имаме идеален рецепт за вас.
Наместо со леб, се прави со тортилја, па можеби е за нијанса подобар избор.
Може да си го направите како брз ручек или за мезе дружење со пријателите.
Потребни состојки (количината е по избор, зависи од вкупниот број на тортилји):
- Мали тортилји (да не бидат преголеми, за да се свиткаат како такоси)
- Мелено месо (барем 500g)
- Чедар кашкавал (толку парчиња колку што има тортилји или по желба - повеќе)
- Сол и бибер
- Мешавина од зелена салата
- Домати
За сосот:
- Кечап
- Мајонез
- Сенф
- Кисели краставички
Начин на подготовка:
- Наредете неколку тортилји на даска, а меленото месо оформете го во поголеми топчиња па ставете по едно врз секоја тортилја.
- Сплескајте ги топчињата врз тортилјите за убаво да ги распоредите насекаде, па потоа зачинете ги одозгора.
- Ставете ги да се запржат на тава со малку масло, така што од долната страна прво ќе биде плескавицата и почесто вртете ја во круг за да не загори (доколку сакате, можете и прво да ги запржите плескавиците од двете страни па да ја залепите тортилјата и да продолжите со постапката по следните чекори).
- Потоа свртете така што тортилјата ќе дојде од долната страна, ставете парче (или две) чедар кашкавал врз плескавицата и затворете со капак за убаво да се стопи.
- Во меѓувреме, направете го сосот со мерки „од око“ и по желба – повеќе кечап, малку мајонез и многу малку сенф за вкус, додадете ги и исечканите кисели краставички и добро измешајте.
- Откако ќе ја извадите тортилјата, премачкајте со сосот врз кашкавалот, наредете малку домат и зелена салата (но не премногу) и превиткајте на пола.
- Повторете ја постапката со сите тортилји и уживајте во вкусот!
Кликнете на видеото за да ја погледнете постапката:
-->
-->
M. M. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...

Рецепт за брзи лиснати ролнички со сланина
Ако ви се најават гости или сакате да зготвите нешто брзо за ужинка за домашните...

Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...

Рецепт за сочни цимет ролнички со прелив
Направете си ги најмеките, сочни ролнички со цимет, познати како cinnamon rolls,...

Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...