Без печење: Редена торта со бисквити и чоколаден фил, готова за 10 минути
-->
Најголемата мајсторија што ќе ви биде потребна за да ја подготвите оваа торта е само да знаете како да подготвите пудинг без грутки, што ќе служи како фил за тортата.
Кога се спомнува подготовка на торта, најчесто се мисли на комплициран рецепт, што подразбира многу матење филови и пандишпани, печење...
-->
Ова е лесен рецепт за редена торта што можете да ја подготвите само за десет минути, а со која ќе ги изненадите најблиските.
Состојки:
- 200g мармалад од кајсии
- 500g бисквити
- 1,3 l млеко
- 5ml екстракт од ванила
- 100g брашно
- 130g шеќер
- 50g какао
- 50g путер
- 50g ситно сечкани лешници
Подготовка:
- Се зема еден бисквит и се премачкува со мармалад од кајсии, па потоа се затвора со друг бисквит во форма на сендвич.
- Во подлабок сад ставете 300ml млеко и потопете го сендвичот, а потоа ставете го на плех.
- Од преостанатите бисквити и мармалад се прават повеќе „сендвичи“ и сите се редат на плехот еден до друг.
- Во сад со еден литар млеко ставете една лажичка екстракт од ванила и ставете на рингла да се загрее.
- Во подлабок сад се мешаат брашното, шеќерот и какаото и изедначената смеса се става во загреаното млеко.
- Со маталка сувите состојки се мешаат во млекото, за да се избегнат грутки, сè додека не се добие смеса што наликува на пудинг.
- Во чоколадниот фил се додава путер и се меша додека да се стопи.
- Првиот ред со сендвичи од бисквити и мармалад се прелева со овој фил.
- Потоа врз филот се реди нов ред од сендвичи со бисквити и одозгора повторно се истура од филот.
- Постапката се повторува сè додека не се потрошат состојките, а готовата торта се прелева со чоколаден фил и се декорира со ситно сечкани лешници.
- Тортата се става да стои во ладилник околу 1 час, по што може да се сервира.
Видеото со деталната подготовка на колачот можете да го погледнете ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
-->
-->