Вкусен појадок за гурмани: Потпржени сендвичи со јајца, сувмеснато и растопен кашкавал
Сендвич или пржено лепче? Со овој рецепт можете да ги искомбинирате и двата појадоци и да направите нешто вкусно и уникатно за целото семејство.
Дури и ако сте од оние што се постојано на режим на исхрана, оваа идеја за вкусен појадок ќе ве освои и секако ќе посакате да си дадете одмор од диетата и да уживате во вкусовите.
Овој појадок е спој од пржени лепчиња и сендвичи, а можете да ги подготвите мошне брзо и едноставно.
Што треба да направите?
Потребни состојки:
- 1 леб;
- Салама или друг сувомеснат производ (исечен на тенки крукчиња);
- Кашкавал (исечен на тенки листови);
- 5 јајца;
- Прстофат сол;
- Масло за пржење.
Начин на подготовка:
- Лебот се сече на тенки парчиња, како за сендвичи;
- Од лебот се прават сендвичи со по неколку парчиња салама и со кашкавал;
- Во длабок сад се матат јајцата со прстофат сол;
- Се загрева маслото во нелепливо тавче за пржење;
- Секој сендвич се потопува во разматеното јајце и се пржи на средна температура додека лепчињата да добијат златно кафеава боја.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......

Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?
Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...

Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус
Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо
Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...

Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни
Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие...

Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари
Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
-->