Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пролетна крем салата со краставици – идеална за со велигденски ручек

За време на велигденските празници и во текот на пролетта во изобилство може да се најдат ротквици, млад кромид, лук, како и голем број свежи зачини. Во продолжение една идеја за вкусна салата од ротквички и кромид што одлично ќе оди со ручек.

predlog-salata-shto-odlichno-kje-odgovara-so-veligdenskiot-ruchek-rotkvichki-krastavica-i-kiselo-mleko-01.jpg

Направете вкусна салата од ротквички, краставица и кисело млеко, што ќе ја подготвите можне брзо и што одлично ќе се вклопи со велигденскиот ручек или пролетните собиранки.

Доколку не сакате мајонез во салатата, слободно можете да го изоставите, а доколку немате сок од лимон можете да го замените со 1 лажица оцет.

Потребни состојки:

  • 2 врзопа ротквици
  • 1 краставица
  • 1 врзоп млад кромид
  • 3 лажици кисело млеко
  • 2 лажици мајонез
  • 2 лажици ситно исечкан магдонос или копар
  • 1 лажица сок од лимон
  • Прстофат сол
  • Црн бибер

Начин на подготовка:

  • Во поголем сад се мешаат киселото млеко, мајонезот и ситно исечканиот магдонос или копар. Се додава сол и бибер и сок од лимон.
  • Ротквичките и краставичките се сечат на тенки кругови, а младиот кромид се сечка поситно со нож.
  • Исечканиот зеленчук се додава во кремастата смеса.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за руска салата за новогодишните празници Ви нудиме рецепт за руска салата со точни состојки, за сите оние на кои домашнит...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg