Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Десерт на денот: Летна торта со бисквити, без печење

Кога ќе ви се пријаде благо во топлите денови – оваа чоколадна торта со бисквити е идеална за вас.

desert-na-denot-letna-torta-so-biskviti-bez-pechenje-01.jpg

Најдоброто е што не мора да се пече – се подготвува филот, се редат бисквитите, се лади и сервира!

Лесно се подготвува и ќе ви стане омилен рецепт летово.

Потребни состојки:

  • 150g бисквити
  • 150g чоколадни бисквити

За кремот:

  • 490ml млеко
  • 100g шеќер
  • 2 жолчки од јајце
  • 2 лажици нишесте
  • 2 лажици путер
  • 10g ванилин шеќер
  • 80g чоколадо
  • 100ml шлаг пена

За премачкување и прелив:

  • 150ml шлаг пена (за премачкување)
  • 100ml шлаг пена (за прелив)
  • 80g чоколадо (за прелив)
  • Кршени ф’стаци (декорација)

Начин на подготовка:

  • Ставете ги на оган млекото, шеќерот, нишестето и жолчките. Мешајте додека не добиете кремаста смеса, а потоа тргнете го тавчето од оган.
  • Додадете го путерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и мешајте. Додадете го и шлагот и повторно мешајте.
  • Намачкајте ги бисквитите со кремот и редете ги наизменично во кружен калап. Покријте ги со пластична фолија и оставете да се ладат 2 часа во фрижидер.
  • Извадете ги бисквитите во форма на торта од калапот и премачкајте со изматена шлаг пена од сите страни.
  • Стопете го чоколадото и измешајте со шлаг пена додека смесата не се соедини, а потоа прелијте ја тортата.
  • Декорирајте со кршени ф’стаци или јаткасти плодови по желба.

Погледнете видео со постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Лисната пита со крушки и цимет - одличен зимски десерт Додека трае сезоната на круши, лесно и брзо можете да подготвите еден поинаков д...
Пролетен десерт: Рецепт за лиснат ролат со јагоди Личат на мини штрудлички од лиснато тесто, полнети со домашно зготвен фил од све...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg