За Велигден послужете: Торта бело зајче со кокос и ванила
Веќе се почнати подготовките за велигденската трпеза, па за да ги примамите дечињата да седнат и да пробаат по нешто, нема подобра идеја од тоа да вида мало бело зајче кое може да го вкусат.
Не ви се потребни многу состојки и време, само желба за да направите нешто ново со што ќе ги изненадите сите.
Потребни состојки:
- 300 g путер
- 2 ½ филџани шеќер
- 6 големи јајца
- 1 ½ кафена лажичка ванила
- 3 филџани брашно
- 1 ½ лажичка прашок за печиво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 филџан млеко
- ½ лажица морска сол
- 100 g кокосов шеќер
- Крем-сирење замрзнато
- Кокос
Рерната загрејте ја на 350 степени.
Со миксер изматате ги крем-сирењето, путерот, шеќерот, ванилата и јајцата.
Во посебен сад измешајте ги брашното, печивото, содата, солта и шеќерот. Смесата додајте ја во садот со путерот и мешајте со повремено додавање на млеко.
На крај додајте го кокосот и измешајте целосно. Истурете ја смесата во тркалезен калап, кој претходно ќе го обложите со хартија за печење. Печете околу 30 минути.
Како да го подготвите филот:
- 200 g путер
- 1 парче од 250 g крем-сирење
- 8 g шеќер во прав
- 1 лажичка ванила
- ¼ филџан млеко
Измешајте ги заедно путерот и крем-сирењето, додајте го шеќерот во прав, ванилата и млекото. Мешајте ги со миксер додека не добиете кремаста смеса која не се растекува.
Од испеченото тркалезно тесто отстранете ја хартијата за печење и пресечете го на пола.
Двете половини спојте ги странично, како сендвич, а меѓу нив ставете поголем слој од филот.
Со нож отсечете еден дел за да ја формирате главата на зајакот. Потоа премачкајте целосно и од сите страни со останатиот фил додека не биде целосно бела тортата. Може да ја ставите и во замрзнувач некое време за да го задржи обликот подолго време.
Посипете од сите страни со кокос за да се добие приближен изглед на крзното на зајчето.
За да ви стои поцврсто може да искористите и парче картон. Од картон може да ги направите и ушите кои ќе ги забодете на крај.
Декорирајте со украсен зелен мов од шлаг или прехранбено обоен кокос и никој нема да може да му одолее.