4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат
Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за мафини за истите состојки.
На ТикТок и Инстаграм има безброј брзи рецепти кои изгледаат вкусно, но факт е дека голем дел од нив не ни вреди да пробате да ги направите.
Сепак, постојат и оние кои се навистина вкусни, а не одземаат многу време.
Четири брзи рецепти од Инстаграм и ТикТок кои се навистина добри:
Печени американски палачинки
Наместо да „висите“ над шпоретот и да ги правите палачинките една по една, со овој рецепт можете да го испечете тестото во тава, како една голема палачинка.
Потребни состојки:
- 370g брашно
- 2 лажици шеќер
- ½ лажичка сол
- 1.5 лажици прашок за печиво
- 500ml млеко
- 2 јајца
- 4 лажици растопен путер
- 1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка
- Измешајте ги сувите состојки, па додајте ги млекото, јајцата, растопениот путер и екстрактот од ванила. Мешајте додека не добиете хомогена смеса
- На плех ставете хартија за печење, па истурете го тестото. Можете да додадете и овошје како банани јагоди, па и парчиња чоколадо.
- Печете 15-17 минути на 180 степени Целзиусови.
- На крај, исечете ја „палачинката“ и послужете.
Суши мафини
Ако немате време и нерви да правите суши, а ви се допаѓа вкусот, можете да искористите калапи за мафини.
Состојките треба да ги одредите „од око“, во зависност од тоа колкави калапи имате.
Потребни состојки:
- Варен ориз
- Лосос
- Листови од алги за суши
- Млад кромид
- Авокадо
- Масло од сусам
- Соја сос
- Мед
- Сусам
- Други зачини по желба
Начин на подготовка
- Исечкајте го лососот на коцки и измешајте го со една лажица масло од сусам, една лажица соја сос, мала лажичка мед, зелен кромид и зачини.
- Исечете ги листовите алга во коцки поголеми од калапите за мафини, па ставете по една коцка во секоја дупка за мафин.
- Додајте го оризот, па лососот, па запечете ги, додека да се зготви лососот.
- Откако ќе ги извадите од рерна, ставете по едно мало парче авокадо врз секој „мафин“ и додајте сусам.