4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат
-->
Компири печени во кашкавал
Потребни состојки:
- Млади компири (колку за два оброка)
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица лук во прав
- 1 лажица сув магдонос
- ½ лажица сол
- ½ лажица бибер
- Околу 100g растопен путер
- Околу 120g рендан пармезан
Начин на подготовка:
- Измијте ги компирите и пресечете ги на половина. Потоа малку засечете ги од внатрешната страна.
- Во длабок сад, измешајте ги со маслиново масло, лук во прав, магдонос, сол и бибер.
- Измешајте ги растопениот путер и пармезанот, па истурете ја мешавината во сад за печење.
- Наредете ги компирите во тавата, со засечениот дел надолу (како на фотографијата).
- Печете околу 30 минути, на 220 степени Целзиусови
Торта со четири состојки
Потребни состојки
- 200g орео колачиња
- Една шолја млеко (околу 230ml)
- 1 лажица прашок за печиво
- Едно млечно чоколадо
Начин на подготовка:
- Измелете ги колачињата во блендер.
- Измешајте ги колачињата со прашокот за печиво и млекото и добро измешајте.
- Ставете ја смесата во мал плех и печете 15-20 минути на 180 степени Целзиусови.
- Извадете ја тортата, ставете го чоколадото врз неа, па ставете ја во рерна уште некоја минута, за чоколадото да се стопи.
-->
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан
Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...