7 идеи за брз ручек без готвење - совршени за лето
Брз ручек со багет, домати и моцарела или грчка салата со пилешко месо - неколку идеи за оброци за кои не треба ни печење, ни пржење и се совршени за лето.
Во текот на летото, особено кога температурите се високи, готвењето е последната работа што ни паѓа на памет, особено затоа што со вклучувањето на шпоретот се загреваат просториите.
Во продолжение ви претставуваме 7 рецепти за ручек за цела недела, за кои не мора ништо да пржите ни печете.
Багет со домати и моцарела
Потребни состојки:
- 4 кришки багет
- 2 домати, исечкани на коцки
- 100g моцарела, исечкана на коцки
- Свеж босилек, ситно исечкан
- Маслиново масло
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги доматите, моцарелата и босилекот.
- Додајте маслиново масло, сол и бибер по вкус.
- Смесата рамномерно распоредете ја врз кришките багет и послужете.
-->
-->
Тортиљи со зеленчук и црвен грав
Потребни состојки:
-->
- 4 тортиљи
- 1 конзерва црвен грав (исцедете го гравот и исплакнете го)
- 1 авокадо, испасирано
- 1 домат
- 1 краставица исечкана на коцки
- 1/2 црвена пиперка, исечкана на ленти
- 1/4 црвен кромид, ситно исечкан
- Сок од 1 лимон
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- На секоја тортиља намачкајте слој од пасиранто авокадо.
- Додајте црвен грав, пиперки и црвен кромид, домати и краставици исечкани на коцки.
- Прелијте со сок од лимон, сол и бибер.
- Свиткајте ги тортиљите и послужете.
Сендвичи со песто и свеж зеленчук
Потребни состојки:
- 4 парчиња интегрален леб
- 100g песто од босилек
- 1 домат, тенко исечкан
- 1 краставица, исечкана на тенки ленти
- 1 морков, рендан
- 50g рукола
Начин на подготовка:
- На секоја кришка леб намачкајте песто.
- Додајте домат, краставица, морков и рукола.
- Ставете две кришки леб една врз друга како сендвич и послужете.
Уште четири рецепти на следната страница...
-->
Би можело да ве интересира:
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости
Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...