Рецепт за лесен посен ручек: Компири со праз и коприва
Ако немате идеја за ручек, а не сакате да минувате многу време во кујна, сигурно ќе ви се допадне овој рецепт. Притоа, рецептот е и посен.
Секогаш е добро да имаме при рака посен рецепт, кој не значи дека нема да е вкусен.
Во продолжение ви прикажуваме една несекојдневна идеја каде што во ручекот може да додадете и коприви и да уживате со целото семејство.
Потребни состојки:
- 5 компири
- ½ kg коприва
- 1 праз со средна големина
- 5 лажици масло
- Сол, бибер
- Магдонос
Начин на подготовка:
- Измијте ја и исчистете ја копривата, па потопете ја во топла вода. Исцедете и исечкајте ја.
- Излупете ги и измијте ги компирите, па исечкајте ги на поголеми парчиња.
- Потоа исчистете го и исечкајте го празот, па пропржете го.
- Додајте ги компирите и оставете ги малку да се пропржат.
- Измешајте и прелијте со 400 милилитри вода, па додајте ја и копривата.
- Зачинете по вкус, па оставете да се готви додека не испари водата и додека се сварат компирите.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за божиќни путер колачиња
Внесете ја празничната магија во вашиот дом и нека замириса на превкусни путер к...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за мекици, од домашниот тефтер на мајките и бабите
Ако сте љубител на мекици, не мора да чекате да се роди ново бебе, може да си ги...
Рецепт за најубавите домашни принцес крофни
Принцес крофните се подготвуваат толку безо и лесно, што ако ги направите еднаш,...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
-->
-->