3 брзи мезиња за новогодишната трпеза
-->
Брзи залчиња од зденки на крекери, корнети со пилешка салата или крцкави новогодишни елки полнети со кашкавал и сувомеснато... Кој од овие 3 рецепти ќе биде ваш избор за новогодишната трпеза?
Доколку планирате новогодишната вечер да ја дочекате во својот дом со најблиските, овие идеи за брзи мезиња сигурно ќе ви бидат добредојдени.
-->
Наместо да ја сервирате салатата во чинија со лажица, можете да ја ставите во корнети од тортиља, а вкусните елки од лиснато тесто ќе бидат одлична замена за кифлички.
Проследете 3 рецепти за мезиња за новогодишната трпеза:
Корнети полнети со пилешка салата:
- 6 тортиљи;
- Свеж копар (ситно исечкан);
- 300g пилешко филе;
- 400g шампињони (ситно исечкани);
- 50g мелени ореви;
- 2 јајца (варени и ситно исечкани);
- 1-2 чешниња лук (ситно исечкани);
- 400ml павлака;
- 1 лажичка сол;
- ½ лажичка црн бибер;
- 1 јајце за премачкување;
- Малку сусам за наросување.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Тортиљите се сечат на половина со нож, се прицврстуваат со чепкалка за заби, а крајот се премачкува со малку разматено јајце за да се залепи;
- Готовите корнети се ставаат на плех за печење обложен со хартија;
- Корнетите се премачкуваат со разматено јајце, се наросуваат со сусам и се ставаат да се печат 10-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови;
- Во длабок сад се става ситно исечкано пилешко филе, шампињони, мелени ореви, јајца, лук, павлака, сол и бибер и се прави салатата;
- Кога ќе се испечат корнетите, се полнат со пилешка салата и врвот се става во ситно исечкан копар.
Видео упатство:
-->
Уште два рецепта на следната страница...
Би можело да ве интересира:
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови
Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...