3 брзи мезиња за новогодишната трпеза
-->
Мини елки од лиснато тесто
Потребни состојки:
- 2 пакувања лиснато тесто;
- 2 лажици кечап (или доматен сос);
- 200g моцарела (или листови кашкавал);
- 400g сувомеснато (панцета, шунка и сланина);
- ½ мала лажичка оригано;
- 1 јајце;
- Перца од кромид.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови;
- Тестото се постила на работна површина, па се премачкува со малку кечап и се наросува со оригано;
- Се става рендан кашкавал, па се редат тенките листови сувомеснато месо;
- Одгоре се става уште едно лиснато тесто, па со ноже надолго се сечат ленти со дебелина од околу 1cm;
- Од секоја лента се обликува мини елка и се боцнува на стапче за ражен;
- Елките се распоредуваат на плех обложен со хартија за печење и се премачкуваат со разматено јајце;
- Елките се печат од 15 до 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови, односно додека да добијат златно кафена боја;
- На врвовите може да се декорира со ѕвездички направени од кашкавал и да се декорираат со крукчиња од ситно исечени перца од млад кромид.
Видео упатство:
-->
Мини залчиња од зденки со крекери
Потребни состојки:
- 12 зденки или топени сирења во форма на триаголници;
- Крекери;
- Буковец;
- Чили сол;
- Сецкан млад кромид;
- Солени стапчиња;
Начин на подготовка:
- На секоја зденка ѝ се става по едно солено стапче на дното, па потоа се посолува со буковец, чили сол, сечкан млад кромид или зачини по ваш вкус и се става на крекер.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови
Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
-->