Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос

Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би го пробале уште денес?

sochni-shpageti-so-grchki-kjoftinja-vo-crven-sos-01.jpg

Подгответе вкусен ручек инспириран од грчката кујна (домашни ќофтиња од свинско и телешко месо) во комбинација со италијанската кујна (шпагети).

Сочно, прсти да излижеш.

Потребни состојки:

За ќофтињата:

  • 400g говедско мелено месо
  • 300g свинско мелено месо
  • 1 црвен кромид, иситнет во блендер
  • 3 чешниња лук иситнети во блендер
  • 1 јајце
  • 1 лажица свеж магдонос, ситно сечкан
  • 1 свежо нане, ситно сечкано
  • 150g бајат леб, натопен во млеко и исцеден
  • 1 лажица црвен вински оцет
  • сол по вкус

За сосот од домати:

  • 1 кромид, ситно исечкан
  • 2 чешниња лук, рендани
  • 1 лажица доматно пире
  • 800g ситно сечкани домати
  • 200ml црвено вино
  • 2 лажички мелен ким
  • 2 лажички шеќер
  • 1 ловоров лист
  • сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  • Соединете ги сите состојки за ќофтињата и оставете ја смесата да отстои во фрижидер еден час, а дури потоа обликувајте ги.
  • На маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот додека не омекнат и замирисаат. Додајте го доматното пире и варете 1-2 минути, а потоа додајте го црвеното вино.
  • Во смесата додајте ги доматите, кимот, шеќерот, солта и ловоровиот лист, па оставете да се крчка на тивок оган 20-30 минути (или додека не се згусне).
  • Обликуваните ќофтињата ставете ги на плех подмачкан со масло.
  • Печете ги во рерна на 200 степени околу 20 минути. Кога ќе се испечат, ставете ги во сосот.
  • Во меѓувреме, сварете ги шпагетите според упатството на ќесичката.
  • Не ја истурајте целата вода од шпагетите, туку кога ќе ги споите тестенините и сосот со ќофтиња, додајте малку вода.
  • Мешајте внимателно за да не се распаднат ќофтињата. Послужете ги топли.

Видео постапка:

View this post on Instagram

A post shared by Twisted (@twisted)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg