Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата

Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а препорачливо е да научите да ги приготвувате и вие. Moжете во тек на викенд да направите неколку и да имате подготвено за работната недела. 

vkusni-domasni-chorbesti-jadenja-za-5-dena-vo-nedelata-01.jpg

Ви се јаде чорба, а немате идеја што да зготвите? Сакате во домот секогаш да има добар и здрав ручек? 

Пет рецепти за јадења кои ќе ве освојат и со мирис и со вкус (ќе ужива цело семејство):

Грашок

Потребни состојки:

  • 500g грашок
  • 500g свинско месо (може и пилешко)
  • 1 кромид (може и 1 праз)
  • 1 морков
  • 1 компир
  • 3 чешниња лук
  • сол, вегета, бибер
  • 1 лажичка црвен пипер
  • малку копар
  • 2 лажици доматен сос
  • 1 лажичка лук во прав 

Начин на подготовка:

  • Кромидот или празот се пржат на масло, па се додава месото исечено на коцки. 
  • Се додаваат вегетата, биберот и црвениот пипер.
  • Кога месото малку ќе зарумени, се додаваат ситно исечканиот компир, морковот и лукот.
  • Малку се пропржува, па се додава и грашокот и сето тоа добро се меша.
  • Се додава малку копар, доматен сос и сето тоа се прелева со вода.
  • Тенџерето покријте го со капак и чорбата варете ја на тивок оган.
  • Гответе околу 30-45 минути (проценете сами).

vkusni-domasni-chorbesti-jadenja-za-5-dena-vo-nedelata-005.jpg

Пилешка чорба

Потребни состојки:

  • 2 поголеми копани
  • 1kg компири
  • масло
  • 1 голем морков
  • 100ml сок од домати
  • 2 главици кромид
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 2 лажици брашно
  • бибер
  • магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  • На масло пропржете ги копаните.
  • Во тенџерето во кое ќе ја варите чорбата на врело масло пропржете го и ситно исечканиот кромид, па кога ќе се зарумени додајте го морковот исечкан на крукчиња, посолете по вкус, а потоа сипете половина чаша вода и динстајте со повремено додавање на вода доколку е потребно. 
  • Кога сè ќе биде до половина сварено, додајте ги сокот од домати, исечканите компири и копаните исцепкани на парчиња. 
  • Задолжително додајте го и маслото во кое се пржеле батаците, бидејќи, тоа ќе му даде посебен вкус на јадењето.
  • Додајте половина литар вода и сè заедно гответе додека не биде готово.
  • На крајот направете запршка од малку масло, брашно и црвен пипер и додајте ја во чорбата, па варете уште дваесетина минути со повремено мешање. 
  • Откако ќе ја тргнете чорбата од оган можете да го додадете и магдоносот.

vkusni-domasni-chorbesti-jadenja-za-5-dena-vo-nedelata-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Рецепт за посна салата од компири со прелив од кари Компирите честопати се дел од нашето мени, без разлика дали е за ручек, како сал...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg