Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
-->
Леќа
Потребни состојки:
- 500g леќа
- 1 кромид со средна големина
- 1 морков со средна големина
- сол, бибер
- 1 лажичка буковец
- 1 лажица брашно
- вегета по вкус
- масло по потреба
- колбас
Начин на подготовка:
- Леќата варете ја околу 10-15 минути.
- Во тенџере пропржете ги кромидот и морковот, а потоа додајте го исечканиот колбас и леќата со водата во која се варела и гответе околу 20 минути.
- Додајте сол и бибер и добро измешајте.
- Кога ќе биде сѐ сварено, на малку загреано масло истурете една лажица брашно и една лажичка буковец и мешајте додека не се згусне.
- Ваквата запршка истурете ја во тенџерето со леќата и варете уште 5 минути.
-->
Гулаш
Потребни состојки:
- китка магдонос
- 1 ловоров лист
- китка целер
- зрна бибер
- 3 гранчиња мајчина душичка
- 680g телешко месо
- 2 црвени кромиди
- 2 моркови
- сок од лимон
- сол
- мелен бибер
- 85g путер
- 230g печурки
- 2 лажици брашно
- 1 жолчка од јајце
- 2 лажици кисела павлака
Начин на подготовка:
- Телешкото месо исечкајте го на коцки.
- Кромидот ситно исечкајте го
- Морковите исечкајте ги на коцки, а печурките на четвртинки.
- Во тенџере ставете го телешкото месо, 1 ситно сечкан кромид, морковите, сокот од лимон, ситно сечканите магдонос и целер, зрната бибер и ловоровиот лист, како и гранчињата мајшина душичка, па сè целосно прекријте со вода.
- Додадете сол и бибер.
- Оставете на тивко да се вари 1 час.
- Во тавче на средна температура растопете 25g путер. Додадете го другиот исечкан кромид и пропржете со повремено мешање додека не порумени.
- Додадете уште 25g путер и печурки.
- Пржете со повремено мешање околу 5 минути.
- Исцедете ја течноста од телешкото, но зачувајте дел од неа. Додадете го месото и зеленчукот во печурките и кромидот, и тргнете ги на страна, но на топло.
- Во голема тава растопете го преостанатиот путер. Просејте го брашното и динстајте го со постојано мешање околу една минута.
- Тргнете ја тавата од оган и постепено додавајте ја зачуваната течност во која се варело телешкото.
- Вратете ја тавата на оган и мешајте додека не зоврие и згусне.
- Тргнете ја тавата од оган и оставете ја малку да се излади.
- Во еден сад измешајте ја жолчката со павлака и смесата полека додадете ја во претходната запршка.
- Сето тоа ставете го во чорбата и варете 5 минути без да зоврие.
- Зачинете, украсете со магдонос и послужете.
С. Ш. | Црнобело / фото: pixabay.com
-->
-->
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
-->