Викенд ручек: Солена торта од шпагети со карбонара сос

Наместо класични карбонара шпагети можете да ги изненадите најблиските и да направите солена торта. Состојките за подготовка на овој рецепт најверојатно веќе ги имате дома.

vikend-ruchek-solena-torta-od-shpageti-so-karbonara-sos-01.jpg

Викендот е време за одмор, па наместо да потрошите цел ден во кујна, можете да приготвите брз ручек што ќе им се допадне на сите, а остатокот од времето да го поминете во прошетки или дружење со најблиските.

Оваа солена торта е идеална за ручек или вечера, а се подготвува брзо и од состојки што многу е веројатно дека веќе ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 300g шпагети;
  • Маслиново масло;
  • 100g кашкавал (пармезан, чедар);
  • 3 поголеми јајца;
  • 250ml слатка павлака;
  • 250g потпржена шунка;
  • Црн бибер;
  • 3 гранчиња свеж рузмарин.

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
  • Шпагетите се варат во солена вода според упатството од опаковката, потоа се процедуваат и се оставаат да се оладат;
  • Се зема калап за торта и се премачкува со маслиново масло, па потоа врз дното се ренда тенок слој кашкавал;
  • Шпагетите се ставаат во голем сад и во нив се додаваат претходно разматени јајца, слатка павлака, црн бибер по вкус, се додава исечкана потпржена шунка и на крај се ренда остатокот од кашкавалот;
  • Сите состојки се мешаат убаво, па потоа се префрлаат во калап за торта и се печат околу 35 минути на температура од 180 степени Целзиусови (или додека тортата да добие златно кафеава боја);
  • Тортата се остава да се олади околу 3 минути, а потоа со вади од калапот и се декорира со гранчиња свеж рузмарин.

vikend-ruchek-solena-torta-od-shpageti-so-karbonara-sos-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg