Божиќ во чаша! Од чоколадно и скандинавско, до бело – 6 најдобри рецепти за варено вино

Зимата е веќе овде, а со неа дојде и традицијата на уживање во варено вино.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino-01.jpg

Иако поимот варено вино најчесто се однесува на црвеното вино, неретко се приготвува и варено бело вино кое е исто така исклучително вкусно.

Некој експериментира со чоколадо, некој со ѓумбир, а некој ѝ останува верен на традицијата и едноставноста и сè што му треба е вино, шеќер, каранфилче и цимет.

Еве неколку добри причини за да го засакате вареното вино доколку сè уште не сте обожавател - Најдобро се пие во друштво, со пријателите и семејството. Никој не се брза бидејќи виното не се пие за 5 минути. Виното се ужива! Целиот дом ќе ви мириса толку прекрасно што ќе се опиете од мирисот уште пред да го вкусите.

Ви нудиме 6 рецепти за варено вино во кои ќе уживате цела зима:

Црвено вино со рум

Состојки за 4 лица:

  • 1 литар црвено вино
  • 500ml вода
  • 1 мандарина
  • 1/2 лимон
  • 70g шеќер
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 4 каранфилчиња
  • 1 лажица суво грозје
  • 1 лажица бадеми
  • стапче цимет
  • 100ml рум

Начин на подготовка:

  • Мандарината и лимонот исечкајте ги на што потенки тркалца и исцедете го сокот.
  • Во длабоко тенџере измешајте ги исцедениот сок, виното, 500ml вода, шеќерот, циметот, каранфилчето, сувото грозје и бадемите.
  • Оставете го виното да зоврие и на крајот додајте го румот.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino (1).jpg

Варено вино со чоколадо

Состојки за 5 лица:

  • 750ml црвено вино
  • 250g темно чоколадо (70% какао)
  • 500ml вода
  • 300g шеќер
  • 100g какао во прав
  • 2 стапчиња цимет
  • 4 ѕвездички анасон
  • 10 каранфилчиња
  • 2 портокали

Начин на подготовка:

  • Во тенџере или длабока тава истурете ги водата, шеќерот, какаото, чоколадото и сите зачини. Мешајте на тивок оган додека не зоврие.
  • Тргнете го тенџерето од огнот и мешајте со жица додека не се соединат сите состојки.
  • На крајот додајте ги исечените портокали и црвеното вино.
  • Повторно загрејте сè и послужете.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino (2).jpg

Варено вино според рецепт на Џејми Оливер

Состојки за 8 лица:

  • 2 литри црвено или бело вино (со поголема киселост)
  • 2 мандарини
  • 250g шеќер
  • 6 каранфилчиња
  • Морско оревче
  • 2 стапчиња цимет
  • Малку екстракт од ванила
  • 3 ловорови листа
  • Индиски ореви
  • 3 парчиња ѕвездест анасон

Начин на подготовка:

  • За почеток, треба да ја подготвите основата за варено вино - постепено додавајте шеќер, мандарини, каранфилче, цимет, ловоров лист, рендано морско оревче и екстракт од ванила во тенџерето.
  • Додајте го виното колку да го покрие шеќерот и варете додека смесата не стане густ сируп, т.е. база.
  • Потоа додајте анасон и два литра вино. Мешајте „нежно“ пет минути, внимавајќи да не се свари премногу виното за да не ја изгуби аромата.
  • Доколку сакате да го ублажите вкусот, слободно додајте чаша вода.

6-najdobri-recepti-za-vareno-vino (3).jpg

Уште три рецепти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg