Божиќ во чаша! Од чоколадно и скандинавско, до бело – 6 најдобри рецепти за варено вино
-->
Варено бело вино со кардамом
Состојки за 4 лица:
- 1 литар бело вино (на пр. Шардоне)
- 1 + 1/2 чаша сок од јаболко
- 1/3 чаша мед
- 1/3 чаша суво грозје
- Сечкан портокал
- Сечкано јаболко
- 4 стапчиња цимет
- Стапче од ванила
- 1 лажица кардамом
- 1 лажичка каранфилче
- 1 лажичка ѓумбир
Начин на подготовка:
Сите состојки се ставаат во длабока тава, тенџере или бокал, се мешаат и се варат околу 15 минути.
Скандинавско варено вино
Вареното вино се нарекува Glögg во Скандинавија и најчесто се прави од црвено вино, каранфилче, морско оревче, цимет и шеќер.
-->
Состојки за 4 лица:
- 1 литар црвено вино
- 1 рака суво грозје
- 1 рака печени бадеми
- Кардамом, каранфилче, цимет, кора од портокал
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во тенџере и се оставаат 24 часа пред да се сварат.
- Преостанатиот пијалак загрејте го на тивок оган, додајте шеќер и малку рум по желба.
Варено „вино“ за деца (без алкохол)
Состојки за 4 лица:
- 500ml сок од портокал (може свежо цеден или да се употреби купечки)
- 500ml сок од јаболко
- 1l вода
- 4 ќесички овошен чај по желба
- 1 стапче цимет
- 2 каранфилчиња
- Портокал и јаболко
- Свежо цеден сок од лимон
- 7 лажици мед
Начин на подготовка:
- Во литар вода додајте цимет и каранфилче и варете додека водата не зоврие.
- Тргнете ја водата од оган, додајте ги кесичките чај и сокот од јаболко и портокал.
- По неколку минути извадете ги кесичките чај, уште еднаш загрејте сè до вриење, додајте сок од лимон и мед.
- Додајте исечени јаболка и портокали по желба.
Ви препорачуваме да послужите домашна штрудла или божиќни колачиња со вареното вино. И секако, „понесете“ си многу добро расположение и загрејте се со варено вино!
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак)
Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми
На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак
Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да ...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
-->