Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од што е направен пијалакот комбуха и дали е добар за вашето здравје?

Комбуха е ферментиран пијалак направен од чај, најчесто црн или зелен. Овој пијалак (најверојатно) потекнува од Кина, пред околу 2.000 години, а оттаму се распространил и во Јапонија и Русија. На почетокот на 20-иот век станал популарен и во Европа, а денес неговата популарност се зголемува ширум целиот свет.

od-shto-e-napraven-pijalakot-kombuha-i-dali-e-dobar-za-vasheto-zdravje-01.jpg

Многумина веруваат дека овој пијалак може да спречи секакви здравствени проблеми – некои одат дотаму и тврдат дека спречува и појава на рак, но секако тоа не е научно потврдено.

Важно е да се нагласи дека нема цврсти научни докази дека комбухата може да спречи сериозни болести, но пијалакот сепак има состојки кои можат да му годат на организмот.

Од што и како се прави комбуха?

Пијалакот го добил името од габата комбуха, која е неговата основна состојка. Габата се става во раствор од чај и шеќер, па се размножува. Најпрво габата изгледа како диск кој постепено се проширува низ површината на течноста, а потоа дискот малку се здебелува.

od-shto-e-napraven-pijalakot-kombuha-i-dali-e-dobar-za-vasheto-zdravje-02.jpg

Мешавината од комбуха, шеќер и чај, најчесто црн, треба да отстои најмалку една недела. Во тој период, во течноста ќе се формираат бактерии и киселини, но и малку алкохол – процес познат како ферментација.

od-shto-e-napraven-pijalakot-kombuha-i-dali-e-dobar-za-vasheto-zdravje-03.jpg

Вака приготвениот пијалак е богат со витамини од групата Б, а поради бактериите, може да делува и како пробиотик.

Здравствени придобивки од комбуха

Како што напоменавме, нема цврсти научни докази дека овој пијалак лекува рак или други сериозни болести. Но, поради составот може да биде одличен за вашиот организам.

Комбухата е добра за желудникот и може да ја подобри работата на дигестивниот систем. Ако, пак, е направена со зелен чај, тогаш е богата и со антиоксиданти, а може да го забрза и метаболизмот. Наводно, комбухата може да го зголеми позитивното влијание на зелениот чај.

od-shto-e-napraven-pijalakot-kombuha-i-dali-e-dobar-za-vasheto-zdravje-04.jpg

Некои истражувања направени на животни покажале дека комбухата може да ги намали и холестеролот и нивото на шеќер во крвта. Сепак, за ова се потребни дополнителни истражувања направени врз луѓе.

Постојат ли ризици од нејзиното консумирање?

Бидејќи сепак станува збор за правење пијалак со „одгледување“ бактерии, најдобро е да не го приготвувате сами. Ако не знаете што точно треба да правите, во пијалакот може да се создаде и мувла, која сигурно ќе предизвика проблеми ако ја испиете.

od-shto-e-napraven-pijalakot-kombuha-i-dali-e-dobar-za-vasheto-zdravje-05.jpg

Од Американската Администрацијата за храна и лекови заклучиле дека комбухата е безбеден пијалак ако се приготви правилно. Тие препорачуваат да се користат стаклени и пластични садови, кои треба добро да се дезинфицираат пред да ги употребите. Сепак, за да ги избегнете ризиците, многу подобро е да си купите готов пијалак кој можете да го најдете во поголемите супермаркети.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
„Ботокс во чаша“ – Пијалак за измазнување на брчките и за слабеење (а се пие пред спиење) Овој пијалак го нарекуваат ботокс во чаша затоа што се верува дека ги брише брчк...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома? Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...
Здрав пијалак за летно освежување – ладен црн чај со сок од сливи и млеко Доколку сакате рецепти кои немаат голема количина шеќер (или воопшто не содржат)...
Пијалак со ѓумбир и чиа за детоксикација на телото (и многу енергија во текот на денот) Дали знаете дека можете да го искомбинирате ѓумбирот со чиа и уште неколку состо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg