Подгответе: Вода со ѓумбир и лимон за здравје и слабеење
Овој пијалак од ѓумбир и лимон е брз и лесен за подготовка. Доколку сакате да го исчистите телото од токсините, ова е одличен избор за вас.
Покрај тоа што го засилува вашиот метаболизам, овој пијалак ќе го забрза и вашиот процес на слабеење.
Ѓумбирот е моќен антиоксидант кој ја подобрува функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот. Покрај тоа, помага при надуеност и го забрзува варењето на храната.
Потребни состојки:
- 300ml вода
- Исцеден сок од половина лимон
- 1 крукче корен од ѓумбир, изрендан
Исцедениот лимон и изренданиот ѓумбир треба да го додадете во чаша млака вода. Оставете го пијалакот да отстои некое време, а потоа консумирајте го на празен стомак.
Важно е водата да биде млака, а не студена. Студената вода може да го забави метаболизмот и варењето на храната, а главната цел на овој пијалак е да се стимулира варењето на храната.
Овој „чудесен“ пијалак може да ви послужи и како детоксикација и подготовка на диети, но и како здрава утринска рутина што ќе ви помогне во чистењето на вашето тело од токсини.
Можете да го засладите пијалакот со малку мед.
За подобри и побрзи резултати, можете да направите поголема количина и да го консумирате овој пијалак неколку пати во текот на денот.
Ашера | Црнобело