Ќе ви треба за празничната сезона - Пијалак со јаболков оцет кој брзо ги топи килограмите
Се ближи крајот на 2019-та година и сите се обидуваат да ги изгубат последните неколку килограми со кои се борат повеќе време, а славите и празниците на никого не му одат во прилог кога станува збор за слабеење.
Затоа, ние имаме одличен предлог и решение за вас. Дали некогаш сте помислиле дека јаболковиот оцет може многу да ви помогне при борбата со килограмите само доколку знаете како правилно да го употребите?
Токму така, јаболковиот оцет е многу ефективен метод на губење на килограми кој се прослави во последниве неколку години, па затоа во продолжение погледнете како да го направите овој „магичен“ пијалак.
Потребни состојки:
- 2 лажици јаболков оцет
- 350-400 ml вода
- Неколку коцки мраз
- 1 исцеден лимон
Измешајте ги сите состојки заедно и уживајте!
Внимавајте на почетокот може да имате некаква реакција од страна на вашиот желудник, затоа што јаболковиот оцет е силек, па затоа може да започнете со помала доза и да видите како ќе реагирате.
За најдобри резултати препорачливо е да го пиете пред ручек или вечера и не треба да претерувате со овој пијалак. Доволно е да го консумирате 1 недела, по еднаш на ден и да проверите дали ќе има некакви резултати. Секако, мора да внимавате малку и на исхраната ако сакате брз напредок.
Т. Ѓ. | Црнобело