5 коктели со вино за „живели“ на Св. Трифун
Ако Св. Трифун ви е омилениот повод за да ја кренете високо чашата со вино, тогаш оваа година ви предлагаме да не ја полните само со вино. Додадете и уште нешто.
Винските коктели во продолжение ќе ве подготват за незаборавен ден посветен на виното:
Ако имате евтино вино кое не се пие чисто:
Измешајте го со 2-3 чашки (за ракија) рум, малку мед, сок од лимон и сето тоа разредете го со минерална вода со вкус на лимон, или обична.
Ако сакате греано вино:
Во длабоко тенџере на тивок оган измешајте 750ml слатко црно вино со 2 шолји apple cider, ¼ шолја мед, 1 портокал исечен на кругови, 2 стапчиња цимет. Може да додадете и неколку капки бренди за посилен вкус.
Ако сакате зимска сангриа:
Виното истурете го во бокал и во него додадете малку минерална вода со вкус, 2 убаво исчистени мандарини, 1-2 јаболка исечкани на коцки, неколку зрна калинка и гранчиња рузмарин. Измешајте, оставете да отстои неколку часа, па потоа наточете во убави, големи чаши.
Ако сакате „сечено вино“:
Многу едноставно, но има фенси име – Калимоксо. Овој коктел се состои од еднакви делови на црвено вино и Coca-Cola, освежено со неколку парчиња лимон.
Ако сакате да се покажете пред гостите:
Помешајте слатко овошно црвено вино со 1 чаша сок од портокал и ½ чаша сок од брусница. Прелијте со ½ чаша Sprite или вода со вкус и изрендајте малку кора од лимон. Промешајте, оставете да отстои и послужете со неколку суви брусници и парчиња лимон во чашата, по желба.
М. Д. | Црнобело